1 Летописи 25:1-31 MKDB2006 - Bible AI

1Царот Давид и војводите ги избраа за служба синовите Асафо­ви, Еманови и Једутунови, за да пеат пророчки песни на лири, харфи и кимвали; беа одредени за работа во служ­бата своја:

2од синовите Асафови: Закур, Јосиф, Нетанија и Ашарела, синови Асафови, под раководство на Асаф, кој пееше пророчки песни според уредба на царот.

3Од Једутун — синовите Једутунови: Годолија, Цериј, Јешаја, Семеј, Хаша­вија и Матитија, шестмина, под рако­водство на татко си Једутун, кој пееше пророчки песни со лира и Го славо­словеше Господа.

4Од Еман — синовите Еманови: Буки­ја, Матанија, Узиил, Шевуел, Јеремот, Ананија, Ананиј, Елијата, Гидалтиј, Ромамтиј, Езер, Јошбе­каша, Малотиј, Хотир и Махазиот.

5Сите тие беа синови на Еман, цар­скиот јасновидец, определени спо­ред зборовите Божји, да ја вознесуваат славата. Бог му беше дал на Еман четиринаесет синови и три ќерки.

6Сите тие, под водство на татко си пееја во домот Господов на кимвали, харфи и лири за службата во домот Божји според упатството од царот, или од Асаф, Једутун и Еман.

7Бројот нивни, заедно со браќата нивни, обучени да пеат пред Господ, на сите што ја знаеја таа вештина беше двесте осумдесет и осум.

8А фрлија и ждрепка за смените на службата, малите заедно со големите, учителите заедно со учениците.

9Првата ждрепка падна на Асаф за Јосиф; вториот — на Годолија со бра­ќата негови и синовите негови; тие беа дванаесет;

10третиот — на Закур со синовите не­гови и браќата негови; тие беа дванаесет;

11четвртиот — на Јицриј со синовите негови и браќата негови; и тие беа два­наесет;

12петтиот — на Нетанија со синовите негови и браќата негови; тие беа дванаесет;

13шестиот — на Букија со синовите негови и браќата негови; тие беа дванаесет;

14седмиот — на Јешарела со сино­вите негови и браќата негови; тие беа дванаесет;

15осмиот — на Јешаја со синовите негови и браќата негови; и тие беа дванаесет;

16деветтиот — на Матанија со сино­вите негови и браќата негови; и тие беа дванаесет;

17десеттиот — на Семеј со синовите негови и браќата негови; сите заедно дванаесет;

18единаесеттиот — на Азариил со си­новите негови и браќата негови; и тие беа дванаесет;

19дванаесеттиот — на Хашавија со синовите негови и браќата негови; тие беа дванаесет;

20тринаесеттиот — на Шуваел со синовите негови и браќата негови; сите заедно дванаесет;

21четиринаесеттиот — на Матитија со синовите негови и браќата негови; и тие беа дванаесет;

22петнаесеттиот — на Јеремот со синовите свои и браќата свои; тие беа дванаесет;

23шеснаесеттиот — на Ананија со синовите негови и браќата негови; и тие беа дванаесет;

24седумнаесеттиот — на Јошбекаша со синовите негови и браќата негови; тие беа дванаесет;

25осумнаесеттиот — на Ананиј со синовите негови и браќата негови; вкупно дванаесет;

26деветнаесеттиот — на Малотиј со синовите негови и браќата негови; и тие беа дванаесет;

27дваесеттиот — Елијата со синовите негови и браќата негови; вкупно дванаесет;

28дваесет и првиот — на Хотир со синовите негови и браќата негови; тие беа дванаесет;

29дваесет и вториот — на Гидалтиј со синовите негови и браќата негови; тие беа дванаесет;

30дваесет и третиот — Махазиот со синовите негови и браќата негови; тие беа дванаесет;

31дваесет и четвртиот — на Ромам­ти-Езер со синовите негови и браќата негови; и тие беа дванаесет.

e>