1 Летописи 26:1-32 MKDB2006 - Bible AI

1Еве го распоредот на вратарите: од Кореовците: Мешеле­мија, Кореев син, од синовите Аса­фови.

2Синови на Мешелемија: првороден Захарија, втор — Једиаел, трет — Зева­дија, четврти — Јатниел,

3петти — Елам, шести — Јоханан, седми — Елјехоенај.

4Синови Аведарови: првороден Ше­маја, втор — Јозавад, трет — Јоах, четврти — Сахар, петти — Натанаил,

5шести — Амиел, седми — Исахар, ос­ми — Пеулетај, зашто Бог го беше благословил.

6На синот негов Шемаја му се родија исто така синови, кои имаа власт во родот свој, бидејќи беа мажи силни.

7Синови Шемаеви: Отни, Рафаил, Овид и Елзавад, и неговите браќа, мажи храбри: Елијуј и Семахија.

8Сите тие беа од синовите на Аведар; тие и синовите нивни и браќата нивни беа мажи погодни и за служба способни: Аведар ги имаше шеесет и двајца.

9Мешелемија имаше синови и браќа, мажи способни — осумнаесет.

10Хоса, од синовите Мерариеви, ги имаше синовите: Шимри, старешина, иако не беше првороден, но татко му го беше поставил за старешина;

11втор — Хелкија, трет, — Тевалија, четврти — Захарија; сите синови и браќа на Хоса беа тринаесет.

12Тоа беше распоредот на врата­рите според началниците на родови­те, спо­собни за служба заедно со браќата свои, за да служат во домот Господов.

13Тие фрлија ждрепка, како мали­от, така и големиот, според домовите на своите татковци, за секоја врата.

14Ждрепката за источната му се падна на Шелемија; фрлија ждрепка и за синот негов Захарија, мудар советник, и ждрепката му се падна за северната.

15На Аведар — за јужната, а на синовите негови — кај складовите.

16На Шупим и на Хоса на запад при Шалехетската врата, каде што патот се издига угоре и каде што стои стража спроти стража.

17Кон исток имаше по шестмина ле­вити, кон север — по четири, кон југ — по четири, а кај складовите — по двајца.

18Кон запад на патот кај тремот — по четири, а кај самиот трем — по двајца.

19Тоа беше распоредот на врата­рите од синовите Кореови и синовите Мерариеви.

20А браќата нивни левитите ја надгледуваа ризницата на домот Божји и ризницата на посветените работи.

21Меѓу синовите на Ладан, Гирсо­нов син, старешини на домовите од Ладан Гирсонски, беа синовите на Јехиил.

22И синовите Јехиилови: Зетам и братот му Јоил ја надгледуваа ризницата на Господовиот дом,

23заедно со потомците на Амрам, Јицхар, Хеврон и Узиил.

24Шевуел, син на Гершом, Мојсеев син, беше надзорник на ризниците.

25Брат му Елиезер имаше син Риха­вија, а тој — син Јешаија, а тој — син Јо­рам, а тој — син Зихриј, а тој — син Шело­мит.

26Шеломит и браќата негови ги надгледуваа сите ризници на светите рабо­ти, што ги беше посветил царот Давид и родоначалниците и илјадниците, стотниците, и војсководачите.

27Од воениот плен тие посветуваа за одржување на домот Господов.

28И сѐ, што беше посветил Самоил пророкот, и Саул, синот Кисов, и Аве­нир, синот Ниров, и Јоав, синот на Саруја, сето посветено беше под рацете на Шеломит, и браќата негови.

29Од родот Јицхаров: Хонанија и си­новите негови беа одредени за надворешна служба во Израел, за писари и судии.

30Од родот Хевронов: Хашавија и браќата негови, храбри мажи, илјада и седумстотини, имаа надзор над Израел, од оваа страна на Јордан, кон исток, за сите работи во службата Господова и во царската служба.

31Во родот Хевронов Јерија беше началник на Хевроновците, во нив­ните родови, во поколенијата нивни. Тие беа преброени во четириесеттата година од Давидовото царување, и меѓу нив се најдоа јунаци мажи во Јазер Галаадски.

32И браќата негови, мажи способни, две илјади и седумстотини, беа начал­ници на домовите. Нив ги постави царот Давид над племето Рувимово и Гадово и половината од племето Мана­сиево за сите Божји и царски работи.

e>