1 Летописи 27:1-34 MKDB2006 - Bible AI

1Еве ги синовите Израелови според нивниот број, началници на родовите, илјадници, стотници и чинов­ници, кои по одделенија му служеа на царот во сите работи, доа­ѓајќи и зами­нувајќи секој месец, во текот на сите месеци во годината. Во секое одделение тие беа по дваесет и четири илјади.

2Над првото одделение, за првиот ме­сец, началник беше Јашовам, син Зав­диелов; во одделението негово има­ше дваесет и четири илјади;

3тој беше од потомците на Фарес и началник над сите воени началници во првиот месец.

4Над одделенето за вториот месец беше Додај, Ахохиецот; во одделението негово беше и началникот Миклот; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.

5Третиот главен воен началник, за третиот месец, беше Ванеја, син на свештеникот Јодај; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади;

6тој, Ванеја, беше еден од триесетте јунаци и нивни началник, и во неговото одделение се наоѓаше неговиот син Амизавад.

7Четвртиот, за четвртиот месец, беше Асаил, Јоавов брат, и по него синот негов Зевадија; и во неговото од­деление имаше дваесет и четири илјади.

8Петтиот, за петтиот месец, беше началникот Шамхут, син на Израх; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.

9Шести, за шестиот месец, беше Ира, син на Икеш, Текоецот; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.

10Седми за седмиот месец, беше пелонјанецот Хелец, од Ефремовите синови; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.

11Осми, за осмиот месец, беше Сив­хај, хушанчанецот од родот на Зерах; и во неговото одделение имаше дваесет и четири илјади.

12Деветти, за деветтиот месец, беше Авиезер, од Анатот, од синовите Вени­јаминови; и во неговото одделение има­ше дваесет и четири илјади.

13Десетти, за десеттиот месец, беше Махарај, Нетофатец, од родот на Зерах; и во неговото одделение има­ше дваесет и четири илјади.

14Единаесетти, за единаесеттиот ме­сец, беше Ванеја, од Пиратон, од синовите Ефремови; и во неговото од­деление имаше дваесет и четири илјади.

15Дванаесетти, за дванаесеттиот ме­сец, беше нетофатецот Хелдај, од по­томците на Готониил; и во неговото од­деление имаше дваесет и четири илјади.

16А над Израеловите племиња начал­ници беа: во Рувимовото — кнезот Елие­зер, Зихриевиот син; во Симео­новото — Сафатија, Мааховиот син;

17во Левиевото — Хашавија, син Кемуелов; во Ароновото — Садок;

18во Јудиното — Елијуј, од Давидо­вите браќа; во Исахаровиот — Омриј, Михаи­лов син;

19во Завулоновото — Јишмаја, Ав­диев син; во Нефталимовото Јеремот, Аз­риилов син;

20во Ефремовото — Осија, Азазиевиот син; во едната половина од Манасиево­то племе — Јоил, Федаевиот син;

21во другата половина од Манасие­вото племе во Галаад — Идо, Захарие­виот син; во Венијаминовото — Јасиел, Авенировиот син;

22во Дановото — Азариил, Јерохамо­виот син. Тоа беа водачите на Израело­вите племиња.

23Давид не ги преброи оние што беа од дваесет години и подолу, зашто Гос­под беше рекол дека ќе го размножи Израел како ѕвездите небески.

24Саруевиот син Јоав го почна пребројувањето, но не го доврши, и гнев Божји дојде врз Израел поради тоа пребројување, и тоа не се впиша во лето­писите на царот Давид.

25Над царските ризници беше Азма­вет, Адиеловиот син, а над богатствата во полето, во градовите, во селата и во кулите — Јонатан, Озиевиот син;

26а над оние што работеа по полињата и ја обработуваа земјата беше Езри, Келувовиот син;

27над лозјата — Семеј од Рама, а над визбите со вино во лозјата — Завдиј, Шефамиецот;

28над маслините и смоквите во полињата — Гедерецот Ваал-Ханан, а над складовите за масло — Јоас;

29над крупниот добиток, што пасеше во Сарон — Саронецот Шитрај, а над до­битокот во долините — Шафат, синот на Адлај;

30над камилите — Јишмаелецот Овил; над магариците — Мероќанецот Јехдеја;

31над ситниот добиток — Хагриецот Јазиз. Сите тие беа началници над цар Давидовиот имот;

32Јонатан, Давидовиот чичко, беше советник, човек умен и писмен; и Је­хиил, Ахмониевиот син, беше со царските синови;

33Ахитофел беше царев советник; а Кушиј Аркиецот — царев пријател;

34а по Ахитофел дојдоа Јодај, Бенае­виот син, и Авијатар; Јоав, пак, беше началник на царската војска.

e>