1 Летописи 28:1-21 MKDB2006 - Bible AI

1Давид ги собра во Ерусалим сите израелски кнезови, начал­ници на племињата, началници на од­делите, што му служеа на царот, илјадниците и стотниците и надзорниците над сите имоти и стада на царот, и на неговите синови, дворјаните, јунаците и сите храбри воини.

2И стана цар Давид на нозе, па рече: „Чујте ме, браќа мои и народе мој! Ми беше на срце да изградам дом за почивка на ковчегот на заветот Госпо­дов, за подножјето на нозете на нашиот Бог, и го подготвив потребното за градење.

3Но Бог ми рече: ‚Не гради дом на името Мое, зашто си човек војник и крв си пролевал.‘

4Меѓутоа, Господ, Бог Израелов, ме избра мене од целиот ми татков дом, за да бидам вечно цар над Израел; зашто Тој го избра Јуда за водач, а од домот на Јуда — домот на татко ми, а од синовите на таткото мој благоволи да ме постави мене за цар над сиот Израел;

5а од сите мои синови, — зашто Господ ми даде многу синови, — Тој го избра синот мој Соломон да седи врз прес­толот на Господовото царство над Израел,

6и ми рече: ‚Синот твој Соломон ќе го изгради Мојот дом и Моите дворови, зашто сум си го избрал за син, и ќе му бидам татко;

7и ќе го зацврстам царството негово засекогаш, ако тој постојано ги исполнува Моите заповеди и Моите наредби, како до денес.‘

8И сега пред очите на сиот Израел, собранието Господово, и во ушите на нашиот Бог велам: пазете ги и држете ги сите заповеди на Господ, вашиот Бог, за да владеете со оваа убава земја и да ја оставите по вас во наследство на децата свои засекогаш.

9И ти, сине Соломоне, познај Го Бога на твојот татко, и служи Му од сѐ срце и со сета душа своја, зашто Господ ги испитува сите срца и ги знае сите мисли и намери. Ако Го бараш, ќе Го најдеш; ако Го оставиш, Тој ќе те отфрли засекогаш.

10Внимавај! Штом Господ те избрал да Му изградиш дом за светилиште, биди храбар и работи.“

11Тогаш Давид му даде на синот свој Соломон нацрт за тремот од храмот и за зградите негови, за ризниците него­ви, за горните соби негови и внатреш­ните соби негови и за Светињата над светињите,

12и нацрт за сѐ, што беше смислил, за дворовите на домот Господов, за сите одделенија наоколу, за риз­ниците на Божјиот дом и за ризни­ците на посвете­ните предмети,

13за свештеничките и левитските од­деленија, за секаква работа при служ­бата во домот Господов, за сите садови употребувани за служба во домот Гос­подов,

14за златните предмети, со ознака на тежината, за секој сад, за сите сребрени предмети, со ознака на тежи­ната на секој сад — потребен за служба.

15И даде злато за светилниците и за златните им кандилца, означувајќи ја тежината на секој светилник и неговото кандилце, исто така и за сребрените светилници, означувајќи ја тежи­ната на секој светилник и неговите кандилца, според намената во слу­жењето на секој светилник;

16даде злато за трпезите на приносните лебови, за секоја златна трпеза, и сребро за сребрените трпези,

17за виљушки, котли и чаши од чисто злато, за златните чинии, со означување на тежината на секоја чинија, за среб­рени чинии, со ознака на тежината на секоја чинија;

18за кадилниот жртвеник од леано злато, со ознака на тежината, и за правење кола со златни херувими, со раширени крилја и надвиснати над ковчегот на заветот Господов.

19„Сето тоа е пишано од Господ“, велеше Давид, „Како што ми ги објасни сите работи на планот.“

20И му кажа Давид на синот свој Соломон: „Биди цврст и храбар и зафати се за работа; не плаши се и не страхувај, зашто Господ, мојот Бог, е со тебе: Тој нема да отстапи од тебе и нема да те остави, додека не ја свршиш целата потребна работа за домот Господов.

21Еве ги одделите на свештениците и левитите за секоја служба при Божјиот дом. За секоја работа имаш ревносни мажи, искусни за секоја работа, и на­чалниците и сиот народ се подготвени за сите твои заповеди.“

e>