1 Летописи 3:1-24 MKDB2006 - Bible AI

1 Синовите на Давид, што му се роди­ја во Хеврон, беа: првенецот Ам­нон, од Ахиноама, Јизреелка; вториот — Даниел, од Авигеја, Кармилка;

2третиот — Авесалом, син од Мааха, ќерка на Гесурскиот цар Талмај; четвртиот — Адонија, син на Хагита;

3петтиот — Сафатија, од Авитала; шестиот — Јитреам, од жена му Егла,

4шестина што му се родија во Хев­рон; тој царуваше таму седум години и шест месеци; а триесет и три години царуваше во Ерусалим.

5Овие, пак, му се родија во Ерусалим: Шима, Шовав, Натан и Соломон — чет­ворица од Шуевата ќер­ка, ќерката Амиелова;

6Јивхар, Елишуа, Елифелет.

7Ногах, Нефег, Јафија,

8Елишама, Елијада и Елифелет — деветмина.

9Тоа се сите синови Давидови, освен синовите од прилежниците. Сестра им беше Тамара.

10Соломонов син беше Ровоам, негов син — Авија, негов син — Аса, негов син Јосафат,

11негов син Јорам, негов син Охозија, негов син — Јоас,

12негов син Амасија, негов син — Азарија, негов син — Јотам,

13негов син Ахаз, негов син — Езекија, негов син Манасија,

14негов син — Амон, негов син — Јошија.

15Синови на Јошија: првенецот Јоха­нан, вториот — Јоаким, третиот — Седе­кија, четвртиот — Селум.

16Синови на Јоаким: Јехонија, син негов; Седекија, негов син.

17Синови на Јехонија, заробеник во Вавилон: Салатиил, негов син;

18Малкирам, Федаја, Шенацар, Јека­мија, Хошама и Невадија.

19Синовите на Федаја: Зоровавел и Семеј. А синови на Зоровавел: Мешу­лам, и Ананијаја, и сестрата нивна Шеломита

20и уште петмина: Хашува, Охел, Варахија, Хасадија и Јушав-Хесед.

21Синови на Ананија: Пелатија и Јишаија; негов син Рефаја, негов син Арнан, негов син Авдија, негов син Шеканија.

22Син на Шеканија: Шемаја, синови на Шемаја: Хатуш, Јигал, Баријах, Неарија и Шафат — шестмина.

23Синови на Неарија: Елиоенај, Хиз­кија и Азрикам — тројца.

24Синови на Елиоенај: Ходавија, Ели­јашив, Фелаија, Акув, Јоханан, Делаја и Анани — седуммина.

>