1
2Синови Толови: Озиј, Рефаја, Јериел, Јахмај, Јивсам и Самоил, началници на домовите во Толовите поколенија, мажи воинствени во своите родови; нивниот број во времето на Давид беше дваесет и две илјади и шестотини.
3Озиев син: Јизрахија; а Јизрахиеви синови: Михаил, Авдија, Јоил и Јишија — петмина. Сите тие беа началници.
4Тие имаа, според родовите свои и поколенијата свои, триесет и шест илјади војска подготвена за борба, зашто имаа многу жени и синови.
5А браќата нивни во сите поколенија Исахарови беа до осумдесет и седум илјади, мажи борбени, запишани во родословните списоци.
6
7Синови на Бела: Ецбон, Озиј, Узиил, Јеремот и Ири — петмина, началници, мажи воинствени. Во родословните списоци запишани дваесет и две илјади триесет и четири.
8Синови Бехерови: Земира, Јоас, Елиезер, Елиоенај, Омриј, Јеремот, Авија, Анатот и Алемет; сите тие се синови Бехерови.
9Во родословните списоци од нив се запишани, по родовите и по старешинство, мажи борбени — дваесет илјади и двесте.
10Једиаелов син: Билхан; синови Билханови: Јеус, Венијамин, Аод, Кенаана, Зетан, Тарсис, Ахишахар.
11Сите тие синови Једиаелови беа началници на домови, мажи воинствени; кои одеа во војна, беа седумнаесет илјади и двесте.
12Шупим и Хупим беа синови Ирови; Хушим беше син Ахеров.
13
14
15
16Мааха, жената Махирова, роди син и го нарече Переш, а брат му се викаше Шереш. Негови синови: Улам и Рекем.
17
18Сестра му Молехета ги роди Ишход, Авиезер и Махла.
19Шемидови синови беа: Ахјан, Сихем, Ликхи и Анијам.
20
21Завад, негов син, Шутел, негов син, Езер и Елад. Нив ги убија жителите гатски, родени во таа земја, затоа што беа отишле да ги заграбат стадата нивни.
22И татко им Ефрем плачеше по нив многу денови, а браќата негови доаѓаа да го утешуваат.
23Потоа тој влезе при жена си; таа зачна и роди син, и тој го нарече со името Берија, затоа што зло го снајде домот негов.
24
25Негов син беше Рефах; негови синови Решеф и Телах; Тахан, негов син,
26Ладан, негов син, Амихуд, негов син, Елишама, негов син,
27Нун, негов син, и Исус, негов син.
28
29
30
31Синови Бериеви: Хевер и Мелхиил. Тој е татко Бирзаитов.
32Хевер ги роди Јафлет, Шомер, Хотам и сестра им Шуа.
33Синови Јафлетови: Пасах, Бимхал и Ашват. Тоа беа синови Јафлетови.
34Синови Шомерови: Ахи, Рохга, Хуба и Арам.
35Синови на Хелем, негов брат: Цофах, Јимна, Шелеш и Амал.
36Синови Цофахови: Суах, Харнефер, Шуал, Бери и Јимра,
37Бецер, Ход, Шама, Шилша, Јитран и Бера.
38Синови Јетерови: Јефуне, Писпа и Ара.
39Синови на Ула: Арах, Ханиил и Риција.
40Сите тие беа потомци Асирови, началници на домовите, одбрани силни и храбри мажи, началници на началниците. Запишани беа во нивните родословни списоци, за војна, на број дваесет и шест илјади души.