1 Летописи 9:1-44 MKDB2006 - Bible AI

1Така беа пребројани според родовите свои сите Израелци, и, ете, тие се запишани во книгите на израелските цареви. А Јудејците, за­ради беззаконијата свои, беа преселени во прогонство во Вавилон.

2Првите жители, што живееја во своите владенија, по израелските гра­дови, беа Израелци, свештеници, левити и служители во храмот.

3Во Ерусалим живееја некои од Јуди­ните синови и од синовите Венијамино­ви, како и од синовите Ефремови и Манасиеви:

4Утај, син Амихудов, син на Амвриј, син на Имриј, син на Ваниј, — од сино­вите на Фарес, Јудиниот син;

5од синовите Шилонови — Асаја, првороден, и синовите негови;

6од синовите на Зерах — Јеуел и бра­ќата нивни, — шестотини и деве­десет;

7од синовите Венијаминови — Салу, син на Мешулам, син на Ходавија, син Хасенуин;

8Ивнеја, син Јерохамов, Ила, син на Озиј, син Мокриев; Мешулам, син на Сафатија, син на Рагуил, син на Ивнија,

9и браќата нивни според родовите нивни: деветстотини педесет и шест, — сите тие мажи беа началници на ро­довите во поколенијата свои.

10А од свештениците: Једаја, Јојарив, Јахин,

11Азарија, син на Хелкија, син на Ме­шулам, син на Садок, син на Мерајот, син Ахитувов, кој беше началник на Божјиот дом;

12Адаја, син на Јерохама, син на Па­шхур, син Мелхиев; Масај, син Адие­лов, син Јехзеров, син на Мешу­лам, син на Мешилемит, син Имеров,

13и браќата нивни, началници на ро­довите свои: илјада седумстотини и шеесет, — мажи истакнати во служба­та своја во Божјиот дом.

14А од левитите: Шемај, Хашувов син, син на Азрикам, син Хашавиев, — од синовите Мерариеви;

15Бакбакар, Хереш, Галал и Мата­нија, син на Миха, син на Зихриј, син Асафов;

16Авдија, син Шемаев, син на Галал, син на Једутун, и Варахија, син на Аса, син на Елкана, кој живееше во Нето­фатските села.

17А вратари: Селум, Акув, Талмон, Ахиман и браќата нивни; Селум беше главен.

18Тие се и до денес вратари кај цар­ската порта кон исток и ја одр­жуваат стражата на синовите Левиеви.

19Селум, син Кореов, син на Евија­саф, син на Кореј, и браќата негови од неговиот род, — Кореовци, по службата беа стражари кај праговите на скинијата, а татковците нивни го чуваа влезот во Господовиот дом.

20Финес, син Елеазаров, беше водач нивни, и Господ беше со него.

21Захарија, син Мешелемов, беше вратар кај вратата во скинијата на собранието.

22Сите тие, избрани за вратари кај праговите, беа двесте и дванаесет. Тие се запишани во списокот според нивни­те села. Нив ги поставија Давид и Само­ил јасновидецот заради верноста нивна.

23Тие и синовите нивни чуваа стража кај вратата на домот Господов, кај до­мот на скинијата.

24Вратари имаше на четирите страни: на источната, западната, северната и јужната.

25А браќата нивни живееја во свои­те села и доаѓаа одвреме — навреме кај нив за седум дена.

26Зашто четворицата главни вра­тари, левити, исто така беа поставени над одаите и ризниците на Божјиот дом.

27Тие престојуваа и ноќе околу Бож­јиот дом, бидејќи ним им беше нало­жено да го чуваат, и тие беа должни секое утро да ги отвораат вратите.

28Некои од нив беа поставени кај садовите за богослужба, кои ги примаа со број и даваа со број.

29На други од нив им беа доверени другите садови и сите посветени нешта: најчисто брашно, вино, масло, темјан и мирисите.

30А некои од синовите на свештени­ците подготвуваа миро од разни мириз­ливи материи.

31А на левитот Матитија, првороден на Кореовецот Селум, му беше до­верено она што се подготвува во тавче.

32На некои од браќата нивни, од си­новите Каатови, им беше доверено да ги приготвуваат лебовите што се принесуваат секоја сабота.

33А пејачите, главните во левитските поколенија, во собите на хра­мот беа ос­лободени од работа, бидејќи беа должни да се занимаваат дење и ноќе со својата служба.

34Тоа се началниците на татковите домови на левитите, според нивните поколенија. Тие живееја во Ерусалим.

35Во Гаваон живееја: Јеиел, татко на Гаваонците, — жена му се викаше Мааха, —

36и првородениот син негов Авдон; по него: Цур, Кис, Ваал, Нир, Надав,

37Гедор, Ахјо, Захарија и Миклот.

38Миклот го роди Шимам. И тие живееја до браќата свои во Ерусалим, заедно со нив.

39Нир го роди Кис, Кис го роди Саул, Саул го роди Јонатан, Мелхи­суј, Ави­надав и Ешбаал.

40Јонатанов син беше Мерив-Ваал; Мерив-Ваал го роди Миха.

41Синови на Миха: Питон, Мелех, Тахреа и Ахаз.

42Ахаз го роди Јара; Јара го роди Алемет, Азмавет и Замвриј, Замвриј го роди Моца.

43Моца го роди Бина; Рефаја беше негов син; Елеаса, негов син, Ацел, негов син.

44Ацел имаше шестмина синови, и еве ги имињата нивни: Азрикам, Бохру, Исмаил, Шеарија, Авдија и Ханан. Тоа се синовите Ацелови.

>