1 Петар 3:1-22 MKDB2006 - Bible AI

1ⓤА така и вие, жените, бидете им покорни на своите мажи, та, ако не­кои од нив не му се покоруваат на сло­вото, преку поведението на своите жени да се придобијат без приговор,

2кога ќе го видат вашиот чист и богобојазлив живот.

3ⓥВашата убавина да биде не надво­решна, односно во плетењето на косите, китењето со злато или облекување на облеки,

4ⓦтуку — внатрешна, во срцето на скриениот човек, во постојаност и тих дух, што е драгоцено пред Бога.

5Зашто така некогаш се украсуваа и светите жени, кои се надеваа на Бога и им се покоруваа на мажите свои,

6ⓧкако што Сара го слушаше Авраам, нарекувајќи го господар. Вие сте нејзини чеда; ако правите добро, не плашете се од ништо.

7ⓨТака и вие, мажите, живејте со сво­ите жени во разбирање и почитувајте ги како послабо суштество и како со­наследници на благодатниот живот, за да не се појави препрека во молитвите ваши.

8ⓩА најпосле, бидете сите еднодушни, сочувствителни, братољубиви, милосрдни, дружељубиви, понизни;

9ⓐне враќајте зло за зло или навреда за навреда, туку, напротив: благословувај­те, знаејќи дека за тоа сте повикани за да наследите благослов.

10ⓑ„Зашто, кој го сака животот и сака да види добри денови, нека го пази ја­зи­кот свој од зло, и усните негови да не зборуваат лаги.

11Нека одбегнува зло и нека прави добро, нека бара мир и нека се стреми кон него —

12бидејќи очите на Господ се вперени кон праведните, и ушите Негови — кон нивните молитви, а лицето Господово е против оние кои прават зло за да ги истреби од земјата.“

13И кој ќе ви направи зло, ако пра­ви­те добро?

14ⓒНо, ако и страдате за правда, бла­жени сте; не плашете се од она од што тие се плашат и не бојте се;

15ⓓтуку Господ Бог почитувајте Го во срцата свои; а бидете секогаш подготвени со кротост и страхопочит за одговор на секого кој од вас ќе побара сметка за вашата надеж.

16ⓔИмајте чиста совест, та со тоа, што ве напаѓаат како злосторници, да се посрамат тие што ве кудат поради вашиот добар живот во Христос.

17ⓕЗашто, ако ѝ е угодно на Божјата волја, подобро е да страдате правејќи добро, отколку вршејќи лошо.

18ⓖБидејќи и Христос, за да нѐ доведе кај Бога, еднаш пострада за гревовите наши, праведник за неправедните; вис­тина, умре по тело, но оживеа со духот.

19Во него откако слезе, им проповеда и на духовите кои беа в затвор,

20ⓗкои некогаш не се покорија кога Божјата долготрпеливост ги оче­ку­ваше, во времето на Ное, при правењето на ковчегот, во кој малкумина, од­нос­но осум души се спасија од водата.

21ⓘОбразецот на таа вода — крштавањето, но не отстранувањето на телесната нечистотија, туку ветувањето на Бога добра совест — нѐ спасува сега и нас преку воскресението на Исус Христос,

22ⓙКој, откако се вознесе на небото, е оддесно на Бога, а Кому Му се покоруваат ангелите, властите и силите.

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>