1 Петар 5:1-14 MKDB2006 - Bible AI

1Оние, кои се меѓу вас свештеници, ги молам јас, кој и самиот сум свештеник, и сведок на Христовите страдања и соучесник во славата, што ќе се открие:

2пасете го Божјото стадо, што го имате, надгледувајќи го не присилно, туку драговолно и според Бога; не заради срамна печалба, туку од сѐ срце.

3И не како да управувате со народот, туку давајќи му пример на стадото.

4А кога ќе се јави Пастиро­на­чал­ни­кот, ќе добиете венец на слава што ни­когаш не свенува.

5Исто така и вие, помладите, покорувајте им се на старешините; а сите, пак, покорувајте се еден на друг и здобијте се со понизност, бидејќи „Бог им се противи на горделивите, а на понизните им дава благодат.“

6Понизете се под крепката рака Бож­ја, за да ве воздигне кога ќе дојде времето.

7Сите ваши загрижености префрлете ги врз Него, зашто Тој се грижи за вас.

8Бидете трезвени, бидете будни, заш­то вашиот противник, ѓаволот, оби­ко­лува како лав што рика и бара некого да проголта;

9спротивете му се со тврда вера, зна­ејќи дека такви страдања ги снаоѓаат и вашите браќа по светот.

10А Бог на секоја благодат, Кој ве по­вика за Својата вечна слава во Исус Христос, Сам, по вашето кратко стра­дање, да ве усоврши, укрепи и направи непоколебливи.

11Нему слава и власт во веки веков. Амин!

12По Силван, нашиот верен брат, ка­ко што мислам, ви го напишав ова крат­ко послание, за да ве утешам и уверам дека ова е вистинската Божја благодат. Останете цврсто во неа!

13Ве поздравува црквата во Вавилон, избрана заедно со вас, и Марко, синот мој.

14Поздравете се еден со друг со целив на љубов. Мир на сите вас, што сте во Христос. Амин!

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>