1Имаше еден човек од Раматаим-Цофим, од Ефремовата Гора, името му беше Елкана, син на Јерохам, син на Елијуј, син на Тоху, син на Цуф, ефратец.
2
3
4
5
6
7Така стануваше секоја година, кога Елкана одеше во домот Господов: онаа ја раздразнуваше, а оваа плачеше и не јадеше.
8
9Откако јадеа и пиеја во Силом, Ана стана и застана пред Господ. А свештеникот Илиј седеше на стол пред влезот во храмот Господов.
10Таа тажеше во душата своја и Му се молеше на Господ и горко плачеше,
11
12Додека таа се молеше долго пред Господ, Илиј ја гледаше во устата;
13и бидејќи Ана говореше во срцето свое, устата нејзина само се мрдаше, гласот нејзин не се слушаше, Илиј помисли дека е пијана.
14И ѝ рече: „До кога ќе бидеш пијана? Истрезни се од виното свое и истави се од лицето Господово.“
15Ана одговори и рече: „Не, господаре мој; јас сум жена, со длабока тага во душата; вино и жесток пијалок не сум пила, а ја изливам душата своја пред Господ.
16Не ја сметај слугинката своја за лоша жена, зашто поради големата жалост и поради тагата своја јас говорев досега.“
17Илиј одговори и рече: „Оди си со мир, и Бог Израелов нека ја исполни молбата твоја, за што Го молеше.“
18А таа одговори: „Можеби слугинката твоја ќе најде милост во твоите очи.“ И таа тргна по патот свој, и јадеше, и лицето нејзино веќе не беше тажно, како пред тоа.
19
20По извесно време Ана зачна, роди син и му даде име Самоил, бидејќи велеше таа: „Од Господ го побарав.“
21И отиде мажот нејзин Елкана и целата челад негова во Силом за да Му ја принесе годишната жртва на Господ и заветите свои.
22Но Ана не отиде со него, велејќи му на мажот свој: „Кога ќе го одбијам детето и кога ќе порасне, тогаш ќе го одведам, и тој ќе се јави пред Господ и ќе остане таму засекогаш.“
23И ѝ рече Елкана, мажот нејзин: „Прави што мислиш дека е добро. Остани додека го одбиеш. Само Господ нека го претвори во вистина зборот што излегол од твојата уста.“ И остана дома жена му и го доеше синот додека не го одби од градите.
24А кога го одби, отиде со него во Силом, земајќи со себе тригодишен јунец и една ефа брашно и мев со вино, па дојде во домот Господов во Силом, и детето со нив. А детето уште беше малечко.
25И го заклаа јунецот, а детето го доведоа кај Илиј;
26и рече: „О, господаре мој, се колнам во твојата душа, господаре мој! Јас сум онаа жена, која стоеше тука пред тебе и Му се молеше на Господ;
27за ова дете се молев, и Господ ја слушна молбата моја, за што Му се молев;
28и јас го предавам сега на Господ за сите денови на животот негов — нека Му служи на Господ.“ И таа Му се поклони таму на Господ.