1
2Јонатан му кажа на Давид и рече: „Татко ми Саул сака да те убие. Затоа пази се утре. Сокриј се и биди на тајно место.
3
4
5
6И Саул го послуша гласот на Јонатан, и се заколна Саул: „Се колнам во Господ! Давид нема да умре.“
7Тогаш Јонатан го повика Давид; му ги соопшти Јонатан сите тие зборови и го доведе Јонатан Давид кај Саул, и тој беше кај него, како и порано.
8Почна пак војна, и излезе Давид, пак се биеше против Филистејците, и им нанесе голем пораз, и тие бегаа од него.
9
10Саул сакаше да го прикове Давид со копјето за ѕидот, но Давид отскокна од Саул, и копјето се забоде во ѕидот; а Давид избега и се спаси таа ноќ.
11И испрати Саул слуги во куќата на Давид да го пречекаат и да го убијат до изутрината. Тогаш му рече на Давид жена му Михала: „Ако не ја спасиш душата своја оваа ноќ, утре ќе бидеш убиен.“
12
13
14
15А Саул испрати слуги да го видат Давид, велејќи: „Донесете ми го на легло за да го убијам.“
16Дојдоа слугите, и ете, во леглото статуа, а на перницата козја кожа.
17Тогаш Саул ѝ рече на Михала: „Зошто ме излага така и дозволи мојот непријател да избега?“ А Михала му одговори на Саул: „Тој ми рече: пушти ме, инаку ќе те убијам.“
18
19И му јавија на Саул, велејќи: „Ете, Давид е во Нават, кај Рама.“
20
21Му јавија за тоа на Саул, и тој испрати други слуги, но и тие почнаа да пророкуваат. Потоа Саул испрати и трети слуги, но и тие почнаа да пророкуваат.
22Саул отиде сам во Рама, и дојде до големиот бунар во Сеху, и запраша, велејќи: „Каде се Самоил и Давид?“ И рекоа: „Ете, во Нават, кај Рама.“
23Тој отиде таму во Нават, во близина на Рама, и врз него слезе Духот Божји, и тој одеше и пророкуваше, додека стигна до Нават, кај Рама.
24