1
2Му одговори Јонатан: „Не, ти нема да умреш. Ете, татко ми не прави ништо, било големо, било мало, без да им јави на ушите мои. Зошто татко ми ќе го крие тоа од мене? Тоа нема да биде.“
3
4Јонатан му рече на Давид: „Што сака душата твоја, јас ќе го сторам тоа за тебе.“
5
6Ако татко ти запраша за мене, ти кажи: ‚Давид ме замоли да оди во својот град Витлеем, зашто таму се врши годишно принесување на жртва за сиот негов род.‘
7Ако на тоа тој каже: ‚добро‘, твојот слуга ќе има мир; ако, пак, се разгневи, тогаш знај дека тој намислил нешто лошо.
8
9Јонатан одговори: „Тоа нема да стане со тебе; зашто, ако навистина дознаам дека татко ми решил да ти направи нешто лошо, зар нема да ти јавам за тоа?“
10Тогаш Давид му рече на Јонатан: „Кој ќе ми соопшти, ако татко ти одговори налутено?“
11Јонатан му рече на Давид: „Ајде да одиме во полето.“ И обајцата излегоа во полето.
12
13
14Но и ти, ако бидеш уште жив, направи ми милост Господова.
15
16Така склучи Јонатан завет со домот Давидов и рече: „Господ нека им врати на непријателите Давидови!“
17
18И му рече Јонатан: „Утре е млада месечина, и ќе запрашаат за тебе, бидејќи местото твое нема да биде зафатено;
19
20јас, пак, ќе пуштам кон таа страна три стрели, небаре ќе стрелам во цел.
21Потоа ќе испратам едно момче, на кого ќе му кажам: ‚Оди, најди ги стрелите‘, и ако му кажам на момчето: ‚Еве, стрелите се зад тебе, земи ги‘, дојди кај мене, тогаш има мир за тебе, и, се колнам во Господ, нема ништо да ти стане.
22Ако, пак, му кажам вака на момчето: ‚Ете, стрелите се пред тебе‘ тогаш оди си, бидејќи Господ те пушта.
23
24Давид се сокри во полето. Кога настапи млада месечина, царот седна на трпезата да јаде.
25Царот седна на местото свое, како секогаш, на седиштето до ѕидот. Јонатан стана, а Авенир седна до Саул; местото, пак, на Давид остана празно.
26
27Настапи и вториот ден по младата месечина, а местото на Давид остануваше празно. Тогаш Саул му рече на синот свој Јонатан: „Зошто синот Јесеев не дојде на ручек ниту вчера, ниту денес?“
28Јонатан му одговори на Саул: „Давид измоли од мене да отиде во Витлеем,
29велејќи: ‚Пушти ме, бидејќи имаме во градот родбинско принесување жртва, и брат ми ме покани; затоа, ако сум стекнал благонаклоност во очите твои, пушти ме да одам и да се видам со браќата свои; затоа тој и не дојде на царскиов ручек.‘“
30
31Зашто во сите денови, додека Јесеевиот син живее на земјата, нема да опстанеш ни ти, ни царството твое; а сега испрати и доведи го кај мене, бидејќи е осуден на смрт.“
32
33Тогаш Саул фрли копје врз него за да го убие. Тогаш Јонатан разбра дека татко му решил да го убие Давид.
34Јонатан стана од трпезата многу разгневен и не ручаше на другиот ден по младата месечина, зашто тагуваше за Давид, а и затоа што татко му го навреди.
35На другиот ден изутрина Јонатан излезе во полето, во времето што му го беше определил на Давид, и едно мало момче со него.
36И тој му рече на момчето: „Трчај, барај ги стрелите што ги пуштам.“ Момчето се затрча, а тој ги пушташе стрелите така што тие летаа подалеку од момчето.
37И момчето се затрча натаму, на каде што Јонатан ги пушташе стрелите, и Јонатан викна по момчето и рече: „Гледај, стрелата е пред тебе.“
38Јонатан, пак, викаше по момчето: „Трчај побрзо, не се запирај.“ И момчето ги собра Јонатановите стрели и дојде кај господарот свој.
39А момчето не знаеше ништо; само Јонатан и Давид знаеја, каква е работата.
40Тогаш Јонатан му го даде оружјето свое на момчето што беше со него, и му рече: „Оди и однеси го во градот.“
41Момчето отиде, а Давид се исправи од југ и падна ничкум на земјата и трипати се поклони; и се бакнаа тие еден со друг, и обајцата плачеа заедно, но Давид повеќе плачеше.
42Јонатан му рече на Давид: „Оди со мир; а тоа, во кое се колневме двајцата во името Господово, велејќи: ‚Господ да биде меѓу мене и твоето семе‘, нека биде засекогаш.“