1Давид стана и замина, а Јонатан се врати во градот.
2
3Давид му рече на свештеникот Ахимелех: „Царот ми даде заповед, велејќи: ‚Никој нека не знае, за што сум те испратил и што сум ти порачал‘ затоа ги оставив слугите свои на определено место;
4а сега дај ми што имаш при рака, пет леба, или што ќе се најде.“
5
6Тогаш Давид му одговори на свештеникот и му рече: „Жени кај нас немаше како и секогаш, кога одиме во поход, и садовите на момчињата се чисти. И ако патот е нечист, сепак лебот ќе остане чист во садовите.“
7
8Тој ден таму се наоѓаше еден од слугите Саулови, по име Доег, Едомец, началник на Сауловите овчари.
9Давид му рече на Ахимелех: „Немаш ли тука при рака копје или меч? Зошто јас не зедов со себе ниту меч, ниту друго оружје, бидејќи пораката на царот беше итна.“
10
11Давид стана и избега истиот ден од Саул, и дојде кај гатскиот цар Анхус.
12
13Давид ги стави тие зборови во срцето свое и многу се исплаши од Анхус, царот на Гет.
14
15
16Зар малку луди имам кај себе, та сте го довеле да лудува пред мене? Зар тој ќе влезе во куќата моја?“