1И Давид рече во срцето свое: „Ќе паднам некогаш во рацете на Саул; за мене ништо подобро, освен да избегам во филистејската земја; и Саул ќе престане да ме бара веќе по сите израелски предели, и јас ќе се спасам од рацете негови.“
2
3
4Му јавија на Саул дека Давид избегал во Гет, и тој веќе не го бараше.
5И Давид му рече на Анхус: „Ако сум се здобил со милост во очите твои, нека ми биде дадено место во еден мал град, и јас ќе живеам таму; зошто твојот роб да живее во царскиот град заедно со тебе?“
6Тогаш Анхус му го даде градот Циклаг; затоа Циклаг и остана за царевите јудејски до денес.
7Сето време што Давид го помина во филистејската земја, беше година и четири месеци.
8
9
10
11Давид не оставаше живи ни мажи, ни жени, и не ги доведуваше во Гет, велејќи: „Тие можат да нѐ наклеветат, и да кажат: тоа и тоа го направи Давид, и такви му се постапките за сето време, додека живееше во филистејската земја.“
12А Анхус имаше целосна доверба во Давид, велејќи си: „Тој стана омразен кај народот свој Израел и затоа ќе ми биде слуга засекогаш.“