1
2
3
4
5И дотрча кај Илиј и рече: „Еве ме! Зошто ме викаше?“ Но тој одговори: „Јас не сум те викал; оди легни си!“ И тој отиде и си легна.
6Но Господ повика по вторпат кон Самоил. Тој стана и пак отиде кај Илиј и рече: „Еве ме! Ти ли ме повика?“ Но тој рече: „Јас не сум те викал, синко; оди легни си!“
7Самоил дотогаш не го познаваше гласот на Господ, зашто уште не му се беше открило словото Господово.
8Викна Господ кон Самоил и третпат. Тој стана и отиде кај Илиј и рече: „Еве ме! Ти ли ме повика?“ Тогаш Илиј разбра дека Господ го вика момчето.
9И му рече Илиј на Самоил: „Оди легни си, и кога Оној што вика, ќе те повика, ти кажи: ‚Говори, бидејќи Твојот слуга слуша.‘“ И отиде Самоил и легна на местото свое.
10И Господ дојде, застана и викна, како и претходно: „Самоиле! Самоиле!“ И Самоил рече: „Говори, Господи, бидејќи Твојот слуга слуша.“
11
12
13Јас му јавив дека ќе го казнам домот негов засекогаш заради онаа вина, што тој ја знаеше, бидејќи синовите негови хулеа на Бога, и тој не ги запираше.
14И поради тоа се колнам пред домот на Илиј дека вината на Елиовиот дом нема да се избрише довека ниту со жртви, ниту со приноси.“
15Самоил спиеше до утрината. Потоа стана рано и ја отвори вратата на домот Господов. Самоил се плашеше да му соопшти на Илиј за тоа видение.
16Но Илиј го повика Самоил и рече: „Синко Самоиле!“ Тој одговори: „Еве ме!“
17
18
19
20
21И Господ продолжуваше да се јавува во Силом, откако му се беше открил на Самоил во Силом преку словото Господово.