1
2жените, пак, и сите што беа во него, од мал до голем, не ги убија, туку ги одведоа во плен и отидоа по патот свој.
3Се приближи Давид и луѓето негови до градот, и ете, тој е изгорен со оган, а жените нивни, синовите нивни и ќерките нивни се земени во плен.
4Давид и народот што беше со него, почнаа да викаат и да плачат, додека имаше сила во нив за плачење.
5
6Давид беше многу збунет, бидејќи народот сакаше да го убие со камења; зашто сиот народ страдаше во душата, секој за синовите свои и за ќерките свои.
7
8
9
10
11Најдоа еден Египќанин во полето, го доведоа кај Давид, му дадоа леб да јаде, и го напоија со вода;
12и му дадоа дел од низа смокви и два грозда суво грозје, и тој јадеше и се поткрепи, зашто не беше јадел леб и не беше пиел вода три дни и три ноќи.
13Тогаш Давид го праша: „Чиј си ти и од каде си?“ Тој одговори: „Јас сум момок Египќанец, слуга на еден Амаликиец, и мојот господар ме остави, бидејќи се разболев, има веќе три дни;
14
15А Давид го запраша: „Ќе ме одведеш ли до тие луѓе.“ Тој одговори: „Заколни ми се во Бога дека нема да ме убиеш и нема да ме предадеш во рацете на господарот мој, и јас ќе те одведам до тие луѓе.“
16Давид му се заколна, и тој ги поведе. И ете, Амаликијците, распрснати по целата таа земја, јадеа и пиеја и празнуваа поради големиот плен што го беа зеле од земјата филистејска и од земјата јудејска.
17И ги нападна и ги убиваше Давид од утринските мугри до вечерта на другиот ден, и никој од нив не се спаси, освен четиристотини момчиња што се качија на камили и избегаа.
18И Давид одзеде сѐ што беа зеле Амаликијците, ги зеде Давид и двете жени свои,
19
20И Давид го зеде сиот ситен и крупен добиток; и неговите луѓе одеа пред тој добиток и говореа: „Ова е Давидов плен.“
21
22Тогаш лошите и неранимајковците што беа оделе со Давид, почнаа да зборуваат: „Поради тоа што тие не одеа со нас, нема да им дадеме од пленот што го одзедовме; секој нека си ја земе само жената и децата и да си оди.“
23
24
25Така стана тоа, од тоа време и понатаму; и тој го постави тоа како закон и правило за Израел до денес.
26И дојде Давид во Циклаг и од пленот им испрати на старешините Јудини, свои пријатели, велејќи: „Ете ви подарок од пленот, земен од непријателите Господови.“
27Им испрати и на оние што се во Ветил и во Рамот во Негев, и во Јатир,
28во Ароер, во Шифемот, и на оние во Ештемоа,
29
30во Хорма, во Бор-Ашан и во Атах
31и во Хеврон, и по сите места, каде што Давид беше одел, тој и луѓето негови.