1 Самоилова 31:1-13 MKDB2006 - Bible AI

1А Филистејците војуваа против Израелците, и мажите израел­ски избегаа од Филистејците и паднаа победени на планината Гелвуја.

2Филистејците го стигнаа Саул и синовите негови; Филистејците ги убија Јонатан, Авинадав и Мелхисуј, Саулови синови.

3Битката против Саул стана жестока, и стрели од лакови го погодуваа; тој беше тешко ранет од стрелите.

4Тогаш Саул му рече на оруженосе­цот свој: „Извади го мечот и убиј ме со него да не дојдат оние необрезани и да ме убијат и да не се подигруваат со мене.“ Но оруженосецот не сакаше, бидејќи многу се плашеше. Тогаш Саул го зеде мечот и се фрли врз него.

5Оруженосецот негов, кога виде дека Саул умре, и самиот падна врз мечот свој и умре со него.

6Така умреа во тој ден Саул и трите синови негови и оруженосецот негов, а исто така и сите луѓе негови заедно.

7Израелците кои живееја кон долината и од оваа страна на Јордан, откако видоа дека луѓето израелски избегаа и дека Саул умре и синовите негови, ги напуштија градовите свои и избегаа, а Филистејците дојдоа и се населија во нив.

8На другиот ден Филистејците дојдоа да ги ограбуваат убиените и го најдоа Саул и тројцата синови што беа паднале на планината Гелвуја.

9Го свртеа и му ја пресекоа главата, го симнаа од него оружјето и испратија по целата филистејска земја, да го разгласат тоа по идолските светилишта и на народот;

10и го положија оружјето негово во идолското светилиште на Аштарта, а телото негово го закачија на ѕидините од градот Бет-Шан.

11Жителите на Јавеш Галаадски слушнаа за тоа што го направија Филис­тејците со Саул;

12се кренаа сите силни луѓе, одеа цела ноќ, го зедоа телото на Саул и телата на синовите негови од ѕидот во Бет-Шан, дојдоа во Јавеш и таму ги изгореа;

13ги зедоа коските нивни и ги погребаа под омориката во Јавеш, и постеа седум дена.

le>