2ⓨОд оној ден, кога ковчегот остана во Кирјат-Јарим, измина многу време, речиси дваесет години. И сиот Израелов дом гледаше со почит кон Господ.
3ⓩИ му рече Самоил на сиот Израелов дом, велејќи: „Ако од сѐ срце Му се враќате на Господ, отстранете ги од средината своја туѓите богови и статуите на Аштарта, подгответе ги срцата свои за Господ и Нему единствено служете Му, и Тој ќе ве избави од филистејските раце.“
4ⓐИ Израеловите синови ги отстранија разните Вааловци и Аштарти и почнаа да Му служат само на Господ.
5ⓑИ рече Самоил: „Соберете ги сите Израелци во Мицпа, и јас ќе Му се помолам на Господ за вас.“
6ⓒИ се собраа во Мицпа, и црпеа вода, ја истураа пред Господ, и постеа тој ден, велејќи: „Згрешивме пред Господ.“ А Самоил им судеше на синовите Израелови во Мицпа.
7ⓓКога Филистејците слушнаа дека синовите Израелови се собрале во Мицпа, кнезовите нивни излегоа против Израел; Израелците, откако го слушнаа тоа, се уплашија од Филистејците.
8ⓔТогаш Израеловите синови му рекоа на Самоил: „Не престанувај да Го молиш Господа, нашиот Бог за нас, та некако да нѐ спаси од филистејските раце.“
9ⓕИ Самоил зеде едно јагне цицалче и го принесе како жртва сепаленица на Господ; повика Самоил кон Господ за Израел и Господ го слушна.
10ⓖИ кога Самоил ја принесуваше сепаленицата, Филистејците дојдоа да се борат против Израел. Но тој ден Господ загрме со силен татнеж над Филистејците и испрати против нив силен ужас, и тие така се збркаа што паднаа пред Израел.
11Израелците излегоа од Мицпа, ги гонеа Филистејците и ги разбиваа сѐ до под Бет-Кар.
12ⓗИ Самоил зеде еден камен и го стави меѓу Мицпа и Шен, и го нарече Евен-Езер што значи „До овде ни помогна Господ.“
13ⓘТака беа скротени Филистејците и не се осмелуваа повеќе да дојдат во пределите Израелови. И раката Господова беше врз Филистејците во текот на сите денови на Самоиловиот живот.
14А му беа вратени на Израел градовите што Филистејците ги беа презеле од Израел, од Екрон дури до Гет, и Израел ги ослободи пределите нивни од филистејските раце, и настана мир меѓу Израел и Аморејците.
15ⓙИ Самоил беше судија над Израел за сите денови на својот живот.
16И секоја година одеше и го обиколуваше Ветил, Гилгал и Мицпа, и му судеше на Израел по сите тие места.
17Потоа се враќаше во Рама, бидејќи таму беше куќата негова, таму живееше и таму му судеше на Израел, а таму изгради и жртвеник на Господ.