2ⓑСекогаш Му благодариме на Бога за сите вас, сеќавајќи се на вас во молитвите наши, непрестано,
3ⓒго споменуваме делото на вашата вера, трудот на вашата љубов и истрајноста во надежта ваша во нашиот Господ Исус Христос пред Бога и Отецот наш.
4ⓓЗнаеме, возљубени браќа од Бога, дека сте избрани,
5ⓔзашто нашето Евангелие не дојде кај вас само со слово, туку и во сила и во Светиот Дух, и во полна увереност: сами знаете какви бевме меѓу вас заради вас.
6ⓕИ вие се угледавте на нас и на Господ, кога во големи маки го примивте словото со радост на Светиот Дух,
7ⓖтака што станавте образец за сите верници во Македонија и Ахаја.
8ⓗЗашто од вас одекна словото Господово не само во Македонија и Ахаја, туку и во секое место се пронесе славата за верата во Бога, така што нема потреба ние нешто да зборуваме.
9ⓘВпрочем, верниците сами разгласуваат за нас, за нашето доаѓање кај вас, и како од идолите се обративте кон Бога за да Му служите на живиот и вистински Бог,
10ⓙи да Го очекувате од небесата Неговиот Син, Кого Тој Го воскресна од мртвите, Исус, Кој нѐ избавува од гневот што доаѓа.