1 Солуњаните 3:1-13 MKDB2006 - Bible AI

1ⓓПоради тоа, не можејќи веќе да трпиме, сметавме дека ќе биде доб­ро во Атина да останеме сами,

2ⓔи го испративме Тимотеј, нашиот брат и слугата Божји, и нашиот сотрудник во Евангелието Христово, за да ве укрепи и утеши во вашата вера,

3ⓕта никој да не се поколеба во тие ма­ки; зашто сами знаете дека затоа сме оп­ределени.

4ⓖⓗБидејќи ние, и кога бевме кај вас, ви претскажувавме дека ќе страдаме, како што и стана, и вие знаете.

5ⓘПоради тоа и јас, не можејќи веќе да трпам, пратив да дознаам за верата ва­ша да не би ве искушал некако Иску­шу­вачот, та да отиде залудо нашиот труд.

6ⓙСега, откако се врати Тимотеј кај нас од кај вас и ни донесе добра вест за вашата вера и љубов, и дека секогаш имате добар спомен за нас и копнеете да нѐ видите, како и ние вас,

7ⓚние, и покрај сета мака и неволја, се утешивме за вас, браќа, со вашата вера;

8ⓛзашто ние сега живееме, кога вие стоите во Господ.

9Каква благодарност, навистина, мо­жеме да Му воздадеме на Бога за вас за сета радост со која се радуваме поради вас пред нашиот Бог,

10ⓜкога дење и ноќе многу усрдно се молиме, за да го видиме вашето лице и да го дополниме она што ѝ недостига на вашата вера?

11А сам Бог и Отецот наш и Исус Христос, нашиот Господ, нека го на­со­чи патот наш право кон вас!

12ⓝВам, пак, Господ да ви даде да рас­тете и да изобилувате во љубов еден кон друг и кон сите, каква што и ние имаме кон вас,

13ⓞи да ги утврди вашите срца, та да бидат непорочни во светоста пред Бога и Отецот наш при доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос со сите Негови светии! (Амин!)

le>