1ⓡМолам, пред сѐ, да се прават просби, молитви, молби и благодаренија за сите луѓе:
2ⓢза царевите и за сите што се на власт, та да поживееме тих и мирен живот во потполна побожност и достоинство.
3ⓣТоа е добро и угодно пред нашиот Спасител Бог,
4ⓤКој сака сите луѓе да се спасат и да ја познаат вистината.
5ⓥЗашто еден е Бог и еден е Посредник меѓу Бога и луѓето — Човекот Христос Исус,
6ⓦКој се даде Себе како откуп за сите — а тоа се посведочи во свое време;
7ⓧпа затоа сум поставен како проповедник и апостол — зборувам вистина во Христос, не лажам — како учител на незнабошците во верата и вистината.
8Мажите сакам да се молат на секое место, кревајќи чисти раце без гнев и расправии.
9ⓨИсто така и жените, облечени пристојно, со срамежливост и чесност да се украсуваат, не со плетенки, ни со злато, со бисери, или со скапоцени облеки,
10ⓩтуку со добри дела, како што им прилега на жени што ѝ се посветуваат на побожноста.
11ⓐЖената нека прима поука во мир и потполна потчинетост.
12ⓑНа жената не ѝ допуштам да поучува, ниту да господари над мажот, туку да биде мирна.
13ⓒБидејќи најпрвин беше создаден Адам, а потоа Ева;
14ⓓи Адам не беше измамен, туку жената беше измамена и направи престап.
15ⓔНо ќе се спаси преку раѓање деца, ако остане во верата, љубовта и во светоста со разборитост.