1ⓟА Духот јасно зборува дека во последните времиња некои ќе отстапат од верата, слушајќи измамнички духови и злодуховски учења,
2преку лицемерството на оние што зборуваат лага и имаат догорена совест;
3ⓠкои забрануваат да се стапува во брак и наметнуваат воздржување од јадења што ги создал Бог, за да бидат употребувани од оние кои веруваат и ја познаваат вистината.
4ⓡЗашто, секое нешто создадено од Бога е добро и ништо не е за отфрлање, ако се прима со благодарност,
5бидејќи се осветува преку словото Божјо и со молитва.
6ⓢОва советувај им го на браќата и ќе бидеш добар служител на Исус Христос, хранет со зборовите на верата и на доброто учење што си го примил.
7ⓣОд нечисти и од бапски приказни бегај, а обучувај се во побожност;
8ⓤзашто телесното обучување е малку корисно, а побожноста е полезна за сѐ, бидејќи во себе има ветување за сегашниот и за идниот живот.
9ⓥТие зборови се верни и достојни да бидат целосно прифатени.
10ⓦЗатоа и се трудиме и се бориме, зашто се надеваме на живиот Бог, Кој е Спасител на сите луѓе, а посебно на оние кои веруваат.
11Ова препорачувај го и поучувај!
12ⓧНикој нека не ја презира твојата младост, туку на верните да им служиш како пример во слово, поведение, љубов, дух, вера и чистота!
13Додека дојдам, занимавај се со читање на Писмото, со утешување и со поучување!
14ⓨНе занемарувај ја дарбата што е во тебе, и која ти беше дадена по пророштво заедно со полагање раце врз тебе од свештенството!
15Грижи се за тоа, на тоа предади се, та успехот твој да им стане јасен на сите!
16Пази на себе и на учењето; биди истраен во тоа, зашто, ако постапуваш така, ќе се спасиш и себе самиот и оние што те слушаат.