1Кога царот Давид остаре и исполни години, иако го покриваа со многу покривки, не можеше да се стопли.
2Тогаш неговите слуги му рекоа: „Нека побараат за нашиот цар господар, млада девица за да престојува кај царот, да го гледа и да лежи до него, и ќе му биде топло на нашиот цар господар.“
3И бараа по сите израелски предели убава девица, и ја најдоа Авишага, Сунамитката, и ја доведоа кај царот.
4Девицата беше многу убава; таа го гледаше царот и му служеше; царот, меѓутоа, не ја позна.
5
6Но татко му негов не го обеспокојуваше никогаш со прашањето: „Зошто го правиш тоа?“ Тој беше многу убав, а му се роди по Авесалом.
7
8
9
10А пророкот Натан и Ванеја, гардистите и братот свој, Соломон не ги покани.
11
12Сега, ете, јас те советувам: спасувај го животот свој и животот на синот свој Соломон.
13Оди и влези кај царот Давид и кажи му: ‚Нели ѝ се колнеше, господаре мој, царе, на слугинката своја, велејќи — синот твој Соломон ќе биде цар по мене и тој ќе седне на престолот мој? — Зошто тогаш се прогласил за цар Адонија?‘
14И ете, додека уште говориш таму со царот, ќе влезам јас со тебе и ќе ги потврдам твоите зборови.“
15Витсавеја отиде кај царот во спалната; царот беше многу стар, и Сунамитката Авишага му служеше.
16Витсавеја се наведна и му се поклони на царот; царот праша: „Што бараш?“
17Таа му одговори: „Ти ѝ се заколна на слугинката своја во Господ, твојот Бог велејќи: ‚син ти Соломон ќе царува по мене и тој ќе седне на мојот престол.‘
18А сега, ете, Адонија се прогласил за цар, а ти, господаре мој, царе, не знаеш за тоа.
19Тој заклал многу волови, телиња и овци и ги поканил сите царски синови, свештеникот Авијатар и воениот началник Јоав; а Соломон, твојот слуга, не го поканил.
20Но ти си цар, господаре мој, и кон тебе се свртени очите на сите Израелци за да им соопштиш, кој ќе седне на престолот на мојот господар цар по него.
21
22Додека таа уште говореше со царот, дојде и пророкот Натан.
23Му соопштија на царот, велејќи: „Еве го пророкот Натан.“ И тој влезе кај царот и му се поклони со лицето до земја.
24И Натан рече: „Господаре мој, царе! Си рекол ли ти: ‚Адонија ќе царува по мене и тој ќе седне на мојот престол?‘
25Зашто тој сега слегол, заклал многу волови, телиња и овци, ги поканил сите цареви синови, воени началници и свештеникот Авијатар, и, ете, тие јадат и пијат кај него, и извикуваат: ‚Да живее царот Адонија!‘
26А мене, твојот слуга, свештеникот Садок, Јехојадаевиот син Ванеја и твојот слуга Соломон не нѐ покани.
27Дали станало тоа по волјата на мојот цар господар? И зошто ти не му откри на својот слуга, кој ќе седне на престолот на мојот цар господар по него?“
28Одговори цар Давид и рече: „Повикајте ми ја Витсавеја.“ Таа влезе и застана пред царот.
29Царот се колнеше и велеше: „Во името на живиот Господ, кој ја спасуваше душата моја од секоја неволја!
30Како што ти се колнев во Господ, Бог Израелов, велејќи дека син ти Соломон ќе царува по мене и тој ќе седне на престолот мој место мене, — така и ќе го направам тоа денес.“
31Тогаш Витсавеја се наведна со лицето до земја, му се поклони на царот и рече: „Да живее мојот господар, царот Давид, засекогаш!“
32И царот Давид рече: „Повикајте ми го свештеникот Садок, пророкот Натан и Јехојадаевиот син Ванеја.“ И тие влегоа кај царот.
33
34
35Потоа придружете го назад, и тој ќе дојде и ќе седне на мојот престол; тој ќе царува место мене; нему сум му ветил да биде водач на Израел и на Јуда.“
36Ванеја, Јахојадаевиот син, му одговори на царот и рече: „Амин! — така нека каже Господ, Бог на мојот цар господар:
37како што Господ беше со мојот цар господар, така да биде Тој и со Соломон и да го возвеличи престолот негов повеќе од престолот на мојот господар, царот Давид!“
38Тогаш свештеникот Садок, пророкот Натан, Јахојадаевиот син Ванеја, Керетијците и Пелетијците отидоа и го качија Соломон на маската од цар Давид и го поведоа кон Гион.
39
40И сиот народ го придружуваше Соломон и народот свиреше со свирки и многу се радуваше, така што земјата трепереше од викањето негово.
41Кога слушна Адонија и сите поканети од него, престанаа да јадат; а Јоав, откако слушна звук на труба, запраша: „Зошто одекнува градот со таков звук?“
42
43Јонатан одговори и му рече на Адонија: „Нашиот господар, царот Давид, го постави Соломон за цар;
44и царот ги испрати со него свештеникот Садок, пророкот Натан, Јахојадаевиот син Ванеја, Керетијците и Пелетијците, и тие го качија на царската маска;
45и свештеникот Садок и пророкот Натан го помазаа во Гион за цар, и тргнаа оттаму со радост, и градот се раздвижи. Ете од што е звукот што го слушате.“
46И Соломон веќе седна на царскиот престол.
47А царските службеници доаѓаа да го поздрават нашиот господар, царот Давид, велејќи: „Твојот Бог нека го прослави името на Соломон повеќе од твоето име и нека го возвеличи неговиот престол повеќе од твојот престол!“ И царот се поклони од леглото свое
48и го рече ова: „Нека е благословен Господ, Бог Израелов, Кој денес даде наследник на мојот престол, и тоа го видоа моите очи!“
49Тогаш сите поканети кај Адонија се уплашија, станаа и се разотидоа секој по патот свој.
50Адонија, пак, поради страв од Соломон, стана и отиде да се фати за роговите на жртвеникот.
51И му соопштија на Соломон, велејќи: „Адонија се плаши од царот Соломон, и, ете, тој се држи за роговите на жртвеникот и вели: ‚Нека ми се заколне сега царот Соломон дека нема да го убие со меч својот слуга.‘“
52
53Тогаш Соломон испрати да го симнат од жртвеникот. Тој дојде и му се поклони на цар Соломон. А Соломон му рече: „Оди во домот свој!“