1И ете, според словото Господово, дојде еден Божји човек од Јудеја во Ветил во она време, кога Јеровоам стоеше пред жртвеникот за да прекади.
2
3И во оној ден тој покажа знак, велејќи: ‚А, еве, знак дека Господ го рекол тоа: овој жртвеник ќе се урне, и пепелта што е на него, ќе се развее.‘“
4
5И жртвеникот се урна, и пепелта од жртвеникот се развеа, според знакот, даден од Божјиот човек преку словото Господово.
6И царот Јеровоам му рече на Божјиот човек: „Умилостиви го лицето на Господ, твојот Бог, и помоли се за мене, па да ми се поврати раката.“ Човекот Божји го умилостиви лицето Господово, и раката се поврати и стана како порано.
7Тогаш царот му рече на Божјиот човек: „Дојди со мене дома да се поткрепиш; ќе ти дадам да јадеш, и ќе ти донесам подарок.“
8
9зашто така ми е заповедано преку словото Господово: ‚не јади таму леб, не пиј вода и не се враќај по патот, по кој си одел.‘“
10И тој тргна по друг пат и не се врати по оној пат, по кој беше дошол во Ветил.
11Во Ветил живееше еден пророк — старец. Синовите негови дојдоа и му раскажаа сѐ што беше направил оној ден Божјиот човек во Ветил; тие му ги раскажаа на татко си и зборовите што тој му ги беше кажал на царот.
12И татко им ги праша: „По кој пат си отиде?“ А синовите му покажаа, по кој пат тргна Божјиот човек што дошол од Јудеја.
13Тогаш тој им рече на синовите свои: „Оседлајте ми го магарето.“ Тие му го оседлаа магарето, и тој се качи на него.
14И тргна по Божјиот човек, и го најде како седи под еден даб, и го праша: „Ти ли си Божјиот човек што дојде од Јудеја?“ Тој одговори: „Јас сум.“
15Тогаш му рече: „Дојди кај мене дома и касни леб.“
16Тој му одговори: „Не можам да се вратам со тебе и да дојдам кај тебе; нема да јадам леб и нема да пијам вода кај тебе во ова место,
17зашто преку словото Господово ми е речено: ‚не јади леб и не пиј вода таму, и не се враќај по патот, по кој си одел.‘“
18
19И оној се врати со него, касна леб во куќата негова и се напи вода.
20Кога тие уште седеа на трпезата, дојде словото Господово кон пророкот што го беше вратил.
21И тој изговори кон Божјиот човек што беше дошол од Јудеја и рече: „Вака вели Господ: ‚затоа што не се покори на устата Господова и не ја запази заповедта што ти ја беше дал Господ, Бог твој,
22
23Откако тој јадеше леб и се напи вода, тој го оседла магарето за пророкот што го беше вратил.
24
25И ете, минувачите го видоа телото, испружено на патот, и лавот како стои до телото; и отидоа, та раскажаа во градот, во кој живееше пророкот — старец.
26Откако го слушна тоа пророкот што го беше вратил од патот, рече: „Тоа е оној човек Божји што не ја послуша устата Господова; Господ го предаде на лав што го нападнал и го усмртил, според словото Господово што му беше кажано.“
27И им рече на синовите свои: „Оседлајте ми го магарето.“ И го оседлаа.
28Тој отиде и го најде телото негово испружено на патот; а магарето и лавот стоеја до телото; лавот не беше го изел телото и не беше го раскинал магарето.
29Тогаш пророкот го крена телото на човекот Божји, го стави на магарето и го однесе назад. И пророкот — старец тргна кон својот град за да го оплаче и погребе.
30И го положи телото негово во својата гробница и плачеше за него: „Леле, брату мој!“
31Откако го погреба, тој им рече на своите синови: „Кога ќе умрам, погребете ме во гробницата, во која е погребан Божијот човек, до неговите коски положете ги моите коски,
32зашто ќе се исполни словото што по заповед на Господ тој го кажа за жртвеникот во Ветил и за сите идолски светилишта во самарјанските градови.“
33
34Тоа го водеше Јеровоамовиот дом во грев, кон пропаст и кон истребувањето негово од лицето на земјата.