1
2А Језавела испрати известувач кај Илија да му каже: „Нека ми испратат боговите најтешка казна и нешто повеќе нека ми додадат, ако до утре во ова време не направам со твојата душа, она што беше направено со душата на секого од нив.“
3Кога го виде тоа, Илија стана и замина за да го спаси животот свој, и дојде во Вирсавија, која е во Јудеја, и таму го остави слугата свој,
4
5И легна, та заспа под дрвото. И ете, ангел го допре и му рече: „Стани, јади.“
6Илија погледна, и, ете, до возглавницата негова стои печена питка и стомна вода. Тој касна, пивна и пак заспа.
7Ангелот Господов се врати повторно, се допре до него и рече: „Стани, јади, бидејќи те чека долг пат.“
8Тој стана, касна и пивна и, откако се поткрепи со таа храна, одеше четириесет дена и четириесет ноќи до Божјата гора Хорив.
9И влезе таму во една пештера и ноќеваше во неа. И, ете, би кон него слово Господово, и Господ му рече: „Зошто си овде Илија?“
10
11
12
13
14Тој одговори: „Пламнав од ревност за Господ, Бог Саваот, зашто Израеловите синови го оставија Твојот завет, ги разурнаа Твоите жртвеници и со меч ги убија Твоите пророци; само јас останав, но и мојата душа сакаат да ја земат.“
15А Господ му рече: „Врати се по патот свој преку пустината во Дамаск и, кога ќе стигнеш, помазај го Азаил за арамејски цар,
16а Јуј, синот на Нимшиј, помазај го за цар над Израел; Елисеј, пак, синот на Шафат, од Авел-Мехола, помазај го за пророк наместо себе;
17зашто кој ќе избега од Азаиловиот меч, него ќе го убие Јуј, а кој ќе се избави од мечот на Јуј, него ќе го убие Елисеј.
18
19
20
21Тој се врати од него, зеде рало волови, ги закла и, откако го запали плугот на воловите, го испече месото нивно и им го раздели на луѓето, и тие јадеа. А самиот тој стана и тргна по Илија и почна да му служи.