1Наближи времето да умре Давид, и тој му заповеда на синот свој Соломон, велејќи:
2
3
4
5Но ти знаеш што ми направи Саруевиот син Јоав, како постапи со двајцата војводи на израелската војска, со Нировиот син Авенир и со Јетеровиот син Амаса, како ги уби и во мирно време пролеа крв како во војна, и со борбена крв го искрвави појасот на крстот свој и обувките на нозете свои;
6а ти постапувај според својата мудрост, и не оставај го да умре спокојно од старост.
7
8
9
10И потоа Давид почина кај татковците свои и беше погребан во Давидовиот град.
11
12Тогаш Соломон седна на престолот на татко си Давид, и царството негово се зацврсти многу.
13А Адонија, Агитиниот син, дојде кај Витсавеја, Соломоновата мајка. Таа го праша: „Со мир ли си дојден?“ Тој одговори: „Со мир.“
14И тој рече: „Имам нешто да ти кажам.“ Таа му рече: „Кажувај.“
15
16Сега те молам за едно: не ми откажувај.“ Таа му рече: „Говори.“
17И тој пак продолжи: „Те молам проговори му на царот Соломон, бидејќи тој нема да ти откаже, да ми ја даде за жена Сунамитката Авишага.“
18Витсавеја одговори: „Добро, јас ќе зборувам со царот за тебе.“
19
20и рече: „Имам една молба кон тебе, не ми откажувај.“ А царот ѝ одговори: „Барај, мајко, нема да ти откажам.“
21Таа рече: „Дај му ја Сунамитката Авишага за жена на братот твој Адонија.“
22Тогаш царот Соломон одговори и ѝ рече на мајка си: „А зошто ја бараш Сунамитката Авишага за Адонија? Побарај го за него и царството, бидејќи тој ми е поголем брат, а откај него се и свештеникот Авијатар и Саруевиот син Јоав.“
23И царот Соломон се заколна во Господ, велејќи: „Нека Господ ми испрати голема казна и уште повеќе да ми додаде, ако Адонија не ги кажал тие зборови по цена на душата своја.
24А сега — се колнам во Господ, Кој ме зацврсти и постави на престолот од мојот татко Давид и Кој ми основа дом, како што беше говорел Тој, — сега Адонија треба да умре.“
25
26На свештеникот Авијатар царот му рече: „Оди си во Анатот на нивата своја; ти заслужуваш смрт, но сега нема да те погубам, бидејќи си го носел ковчегот на Господ Бог пред татко ми Давид, и си трпел сѐ што трпел и татко ми.“
27И Соломон го отстрани Авијатар од Господовото свештенство, и се исполни словото на Господ што го беше кажал за домот на Илиј во Силом.
28Дојде глас за тоа до Јоав, — бидејќи Јоав ја држеше страната на Адонија, а не ја држеше страната на Соломон, — и Јоав избега во Господовата скинија и се фати за роговите на жртвеникот.
29Му соопштија на цар Соломон дека Јоав избегал во Господовата скинија и дека е кај жртвеникот. Соломон го испрати Јахојадаевиот син Ванеја, велејќи: „Оди, убиј го.“
30Ванеја дојде во Господовата скинија и му рече на Јоав: „Вака кажа царот: излегувај.“ А тој одговори: „Не, јас сакам тука да умрам.“ Ванеја му го соопшти тоа на царот, велејќи: „Така рече Јоав и така ми одговори.“
31Царот му рече: „Направи како што рекол тој: убиј го и погреби го, и пролеаната невина крв од Јоава ќе ја измиеш од мене и од домот на татко ми;
32
33
34И отиде Јехојадаевиот син Ванеја, го удри Јоав и го уби; и тој беше погребан на неговиот имот во рамнината.
35Тогаш царот Соломон го постави Јехојадаевиот син Ванеја над војската место него. Свештеникот Садок, пак, царот го постави место Авијатар.
36Царот испрати, та го повика Семеј и му рече: „Изгради си дом во Ерусалим и живеј тука и никаде не излегувај оттука;
37и знај дека во оној ден, во кој ќе излезеш и ќе го минеш потокот Кедрон, бездруго ќе умреш; крвта твоја ќе ти биде врз твојата глава.“
38А Семеј му рече на царот: „Добро, како што заповеда мојот цар господар, така ќе направи твојот слуга.“ И Семеј живееше во Ерусалим тие години.
39
40Семеј стана, го оседла магарето и тргна за Гет кај Анхус да ги бара слугите свои. Семеј се врати и ги доведе своите слуги од Гет.
41И го известија Соломон дека Семеј одел од Ерусалим во Гет и се вратил.
42Тогаш царот испрати да го повикаат Семеј и му рече: „Нели ти се заколнав во Господ и нели ти соопштив, велејќи: знај дека во оној ден, во кој ќе излезеш и ќе отидеш некаде, бездруго ќе умреш? И ти ми одговори: добро.
43Па зошто не ја запази заповедта што ти ја дадов пред Господ со клетва?“
44Уште му рече на Семеј царот: „Ти го знаеше и го знае срцето твое сето зло што си му го направил на татко ми Давид. Туку Господ нека ја сврти злобата твоја врз твојата глава!
45А цар Соломон да биде благословен и Давидовиот престол да стои цврсто пред Господ засекогаш!“
46И царот му заповеда на Јехојадаевиот син Ванеја, и тој отиде, та го удри Семеј, и тој умре.