1 Царевите 3:1-28 MKDB2006 - Bible AI

1Соломон се сроди со фараонот, египетскиот цар, и ја зеде фараоновата ќерка и ја воведе во Давидовиот град, додека да го изгради домот свој, домот Господов и ѕидовите околу Еру­салим.

2Народот уште принесуваше жртви по високите места, бидејќи до она време не беше изграден дом за името Господо­во.

3Соломон Го возљуби Господа, одејќи по наредбите на својот татко Давид, но и тој принесуваше жртви и кадеше по високите места.

4Затоа царот отиде во Гаваон за да принесе таму жртва, бидејќи таму беше главното високо место. Илјада сепале­ници принесе Соломон врз тој жртве­ник.

5Во Гаваон Господ му се јави на Со­ломон ноќе во сон и му рече: „Барај што сакаш да ти дадам.“

6Соломон одговори и рече: „Ти му направи голема милост на Твојот слуга, татко ми Давид; и поради тоа што тој одеше пред Тебе, по вистината и пра­ведноста и со искрено срце кон Тебе, Ти му ја зачува таа голема милост и му подари син, кој седи на престолот негов, како што е тоа денес;

7и денес, Господи, Боже мој, Ти го постави за цар Твојот слуга место татко ми Давид, но јас сум сосема млад, не знам како да се однесувам.

8А Твојот слуга е среде Твојот народ што си го избрал, народ толку многу­броен, па поради мноштвото негово не може ни да се преброи, ни да се догледа.

9Подари му, пак, на Твојот слуга раз­умно срце за да му служи на Твојот на­род и да разликува: што е добро и што е зло; зашто, кој може да управува со тој многуброен Твој народ?“

10Мило Му беше на Господ што Соломон го побара тоа.

11Господ му рече: „Затоа што го по­бара тоа, и не побара за себеси долг живот, не побара богатство, не ги по­бара душите на твоите непријатели, ту­ку си побара разум за да умееш да судиш, —

12Јас ќе направам според зборот твој: еве, ти давам мудро и разумно срце, така што подобен на тебе немало пред тебе, и по тебе нема да се издигне сличен на тебе;

13и она што не го побара, Јас ти го давам, — и богатство, и слава, така што нема да има подобен на тебе меѓу царевите во сите твои денови;

14и ако одиш по Мојот пат, пазејќи ги Моите наредби и Моите заповеди, како што одеше татко ти Давид, ќе ги про­должам и твоите дни.“

15Соломон се разбуди, и, ете, тоа беше сон. И отиде во Ерусалим, та застана крај ковчегот на заветот Господов, принесе сепаленици и жртви за мир и богато ги нагости сите свои слуги.

16Тогаш дојдоа кај царот две жени блудници и се исправија пред него.

17И едната жена рече: „О, господаре мој! Јас и оваа жена живееме во една куќа, и родив кај неа во таа куќа;

18а на третиот ден, откако родив, роди и таа жена; ние бевме заедно, и во куќата кај нас немаше ниту еден човек од надвор; само ние двете бевме во куќата.

19Преку ноќта умре синот на оваа жена, зашто беше легнала врз него;

20а таа преку ноќта станала, го зела мојот син од мене, додека јас, твојата слугинка, сум спиела, и го ставила до градите свои, а својот мртов син го ставила до моите гради.

21Утредента станав да го надојам синот свој, и ете, тој беше мртов; а кога на виделина се загледав во него, тоа не беше мојот син што го бев родила.“

22Другата жена рече: „Не, мојот син е живиот, а твојот син е умрениот.“ А таа ѝ велеше: „Не, твојот син е умрениот, а мојот е живиот.“ И се препираа така пред царот.

23Царот тогаш рече: „Оваа говори: мојот син е живиот, а твојот е умрени­от; а онаа говори: Не, твојот син е умрениот, а мојот син е живиот.“

24Потоа царот рече: „Дајте ми меч!“ И му донесоа меч.

25И тогаш царот рече: „Пресечете го живото дете на две половини и дајте ја едната половина на едната, а другата половина на другата.“

26И му одговори на царот онаа жена, чиј беше живиот син, зашто целата неј­зина утроба се беше растреперила од жал спрема нејзиниот син: „О, господаре мој! Дајте ѝ го тоа дете живо и не го убивајте.“ А онаа другата рече: „Не­ка не биде ни мое, ни твое, сечете го!“

27И царот проговори и рече: „Дајте ѝ го живото дете на првата, и не го убивајте: таа е неговата мајка.“

28И сиот Израел слушна за судот, ка­ко пресуди царот. И почнаа да се однесуваат кон царот со длабока почит, за­што видоа дека има мудрост Божја во него за да извршува суд.

>