1 Царевите 4:1-20 MKDB2006 - Bible AI

1Царот Соломон беше цар над сиот Израел.

2И еве кои заземаа кај него високи должности: Азарија, син на свештени­кот Садок;

3Елихореф и Ахија, синови на Суса­ким — писари; Јосафат, Ахилудов син — летописец;

4Ванеја, Јехојадаевиот син, — начал­ник на војската, Садок и Авијатар — свештеници;

5Азарија, Натановиот син, — начал­ник на управителите, и Завуд, син на Натан, — свештеник и советник на царот;

6Ахишар, — управник на царскиот дом, а Хадорам, — син Авдин — на дано­ците.

7Соломон имаше дванаесет управници над сиот Израел, кои му доставуваа храна на царот и на неговиот дом; секој беше должен да доставува храна за по еден месец во годината.

8Еве ги имињата нивни: Бен-Хув — на Ефремовата Гора;

9Бен-Декер — во Макац и во Шаалевим, во Ветсамис, во Елон, во Бет-Ха­нан;

10Бен-Хесед — во Арубот; нему исто така му припаѓаше Сохо и целата земја Хеферова;

11Бен-Аминадав — над целата област Дор; а Тафат, Соломоновата ќерка, беше негова жена;

12Баана, Ахилудовиот син, во Танах и Мегидо, и во целиот Бет-Шан кој е близу до Царетан под Јизреел, од Бет-Шан до Авел-Мехола, и дури зад Јокмеам;

13Бен-Гевер — во Рамот Галаадски; нему му припаѓаа селата на Јаир, Мана­сиев син, кои се во Галаад; нему му припаѓаше и областа Аргов, во Башан, шеесет големи градови со ѕидови и бакарни резиња;

14Ахинадав, Идов син, во Маханаим;

15Ахимаац, во земјата Нефталимова; тој си ја беше земал за жена Васемата, Соломонова ќерка;

16Баана, син на Хушај, во земјата Асирова и во Беалот;

17Јосафат, син на Паруах, во земјата Исахарова;

18Семеј, синот на Ила, во земјата Венијаминова;

19Гевер, Уриев син, во земјата галаадска, во земјата на аморејскиот цар Си­хон, и на башанскиот цар Ог. Тој беше управник на таа земја.

20Јудејците и Израелците, бидејќи многубројни како песокот крај морето, јадеа, пиеја и се веселеа.

>