1
2Потребите од храна за Соломон и за неговиот персонал за еден ден беа: триесет кори пченично брашно и шеесет кори друго брашно,
3десет одбрани телиња и дваесет згоени волови и сто овци, а освен елени и срни, и диви кози и птици;
4зашто тој господареше над целата земја од оваа страна на Еуфрат, од Тифса до Газа, над сите цареви од оваа страна на реката, и имаше мир со сите околни земји.
5
6Соломон имаше четириесет илјади коњи за коли и дванаесет илјади за коњицата.
7И управниците му доставуваа на цар Соломон сѐ што требаше за царската трпеза, секој во својот месец, и не дозволуваа да има недостиг од нешто.
8Исто така и јачмен, и слама за коњите и за маските доставуваше секој навремено во местото, каде што се наоѓаше царот.
9
10И Соломоновата мудрост беше поголема од мудроста на сите синови на Исток, од сета мудрост на Египќаните.
11
12
13тој говореше и за дрвјата, од кедар што е во Ливан, до исопот што никнува по карпите; тој говореше и за животните, за птиците, за влекачите и за рибите.
14И од сите народи доаѓаа да ја чујат Соломоновата мудрост, и сите земни цареви што беа слушнале за неговата мудрост.
15
16А и Соломон испрати да му кажат на Хирам:
17„Ти знаеш дека татко ми Давид не можеше да изгради дом за името на Господ, својот Бог, поради војните со околните народи, додека Господ не ги покори под нозете негови;
18но сега Господ, мојот Бог, ми даде спокојство од сите страни: нема противник и нема веќе стапици.
19
20
21Кога Хирам ги слушна зборовите од Соломон, многу се зарадува и рече: „Благословен нека е денес Господ, Кој му даде на Давид мудар син за да управува со тој многуброен народ!“
22И Хирам испрати кај Соломон да кажат: „Го сослушав тоа, за кое ти беше испратил порака до мене; ќе ја исполнам твојата желба за кедровото дрво и кипарисовото:
23слугите мои ќе ги довлечкаат од Ливан до морето, и на сплавови ќе ги дотераат по море до местото што ќе ми го определиш; таму ќе ги растоварам, и ти ќе ги земеш; но и ти исполни ја желбата моја да доставуваш храна за мојот дом.“
24И Хирам му даваше на Соломон кедрово дрво и кипарисово дрво, според желбата негова.
25А Соломон му даваше на Хирам дваесет илјади кори пченица за исхрана на неговиот дом и дваесет кори цедено маслиново масло, — толку Соломон му даваше на Хирам секоја година.
26Господ му даде на Соломон мудрост, како што му беше ветил. И меѓу Хирам и Соломон имаше мир, а склучија и сојуз меѓу себе.
27
28Тој ги испраќаше во Ливан, по десет илјади на месец, на смени; еден месец престојуваа во Ливан, а два месеци — по домовите свои. Хадорам, пак, беше нивни управник.
29Соломон имаше уште седумдесет илјади мажи што го пренесуваа товарот, и осумдесет илјади каменоделци во планините,
30освен трите илјади и триста настојници што Соломон ги беше поставил над работата, да го надгледуваат народот што ги извршуваше работите.
31И царот заповеда да донесуваат големи камења за основата на храмот, камења делкани.
32Ги делкаа, пак, Соломонови работници и Хирамови работници и Гевлијци, и подготвуваа дрвја и камења за градење на храмот три години.