1 Царевите 7:1-51 MKDB2006 - Bible AI

1Потоа Соломон изгради свој дом, а го градеше тринаесет години, и на­полно го заврши.

2Тој го изгради домот свој од ле­ванонско дрво: долг сто лакти, широк педесет лакти, а висок триесет лакти, на четири реда кедрови столбови; и кедрови греди беа положени врз столбовите.

3Подот беше послан со кедар врз гре­ди на четириесет и пет столба, по петнаесет во ред.

4Прозорски столбови имаше три реда; имаше и три реда прозорци, прозорец спроти прозорец.

5Сите врати и соби беа четириаголни, прозорец спроти прозорец во три реда.

6Тој направи и трем од столбови, пе­десет лакти долг, триесет лакти широк, и пред нив — трем, столбови, и праг пред нив.

7Уште направи и трем со престол, од кој тој судеше, трем за судилиште, и сите подови ги покри со кедар.

8Во домот, каде што живееше, имаше друг двор зад тремот, исто така изгра­ден. И во домот на фараоновата ќерка, која Соломон ја беше зел, направи исто така трем.

9Сето тоа беше направено од скапи камења — делкани според размер, из­режани со трион однатре и однадвор, — од основата до покривот, и однадвор до големиот двор.

10Во основата беа положени скапи камења, камења големи, камења од десет лакти;

11и одозгора скапи камења, делкани според размер, и кедар.

12Големиот двор беше ограден нао­колу со три реда делкани камења и со еден ред кедрови греди; исто како и внатрешниот двор на храмот Господов и храмовиот трем.

13Цар Соломон испрати да го доведат од Тир Хирам,

14син на една вдовица од Нефтали­мовото племе. Татко му тирјанин, беше бронзоливец; тој беше способен и ис­кусен, а умееше да прави секакви предмети од бронза. И тој дојде кај цар Соломон и му правеше секакви работи:

15тој изли два бронзени столба, секој висок по осумнаесет лакти, и врвот од дванаесет лакти го опфаќаше пречни­кот на едниот и на другиот столб;

16тој направи и два капитела, излеани од бронза за да ги стави врз столбовите; пет лакти висок едниот капител и пет лакти висок вториот капител;

17направи мрежи плетени и врвови како вериги за капителите што беа врз столбовите: седум за едниот капител и седум за другиот капител.

18Така ги направи тој столбовите и два реда калинки околу мрежата за да ги покрие капителите што се кај столбовите, истото го направи и за другиот капител.

19А во тремот капителите на столбовите беа направени слично на крин, четири лакти;

20и капителите врз двата столба одозгора беа токму над испупчениот дел што беше до мрежата; и врз другиот капител во редови наоколу имаше по двесте калинки.

21И ги постави столбовите на храмо­виот трем; постави столб оддесно и му даде име Јахин; постави столб и одлево и го нарече Вооз.

22А над столбовите положи венци, направени слично на крин. Така заврши работата над столбовите.

23Направи и излеано од бронза море — од едниот негов крај до другиот имаше десет лакти, — и сосема кружно, пет лакти високо; и венец од триесет лакти го опфаќаше наоколу.

24Под краиштата негови имаше од сите страни издадени работи како јаболка по десет на лакот; тие го опкружуваа морето од сите страни во два реда; из­дадените работи како јаболка беа излеа­ни заедно со него.

25Тоа стоеше на дванаесет вола: три гледаа кон север, три гледаа кон запад, три гледаа кон југ и три гледаа кон исток; морето стоеше врз нив, а задната страна им беше свртена навнатре.

26Тоа беше дебело една дланка, а краиштата негови, направени како кра­ишта на чаша, прилегаа на расцветан крин. Тоа собираше две илјади мери.

27Тој направи и десет бронзени под­ножја; секое подножје беше долго чети­ри лакти, широко — четири лакти, висо­ко — три лакти.

28Еве ја направата на подножјата: тие имаа рамки, а рамките беа меѓу аголните продолжетоци.

29Врз рамките што беа меѓу аголните продолжетоци, имаше обликувани ла­вови, волови и херувими; исто така и врз аголните продолжетоци; а над ла­вовите и воловите и под нив имаше ви­сечки венци;

30секое подножје имаше по четири бронзени тркала и бронзени оски. На четирите агли имаше испупчувања како раменици, излеани испупчувања, од­долу под мијалникот, до секој венец.

31Отворот од внатрешниот венец до горе имаше еден лакот; отворот му беше кружен како подножјето на столбовите; лакот и половина, и кај отворот негов — резби; но страните беа четириа­голни — не кружни.

32Под страните имаше четири тркала и оски на тркалата во подножјата; секое тркало беше високо лакот и половина.

33Направата на тркалата беше исто таква, како тркалата на колите; оските нивни, оплатите нивни, спиците нивни и главичките нивни — сѐ беше излеано.

34Имаше четири испакнатини на че­тирите агли на секое подножје; од под­ножјата излегуваа испакнатините него­ви.

35И врз подножјата имаше испакнатини, половина лакот високи, а над подножјата дршките нивни и ѕидовите им беа од иста материја.

36Тој изваја и врз штичките на дрш­ката нејзина и на ѕидовите нејзини херу­вими, лавови и палми, колку што доз­волуваше местото, и наоколу — висечки венци.

37Така направи тој десет подножја; сите еднакво излеани, еднаква мерка, еднаков изглед.

38Направи и десет бронзени мијалници; секој мијалник собираше по четири­есет мери и беше висок четири лакти; секој мијалник стоеше на едно од де­сетте подножја.

39Тој ги распореди подножјата — пет десно од храмот и пет лево од храмот, а морето го постави десно од храмот, на источната страна кон југ.

40Хирам ги направи мијалниците, ло­патките и машите. И ја сврши Хирам целата работа што ја вршеше кај цар Соломон за храмот Господов, односно:

41два столба и два појаса на капи­телите што се врз столбовите, и две мрежи за покривање на двата појаса на капителите што се врз столбовите,

42и четиристотини калинки на двете мрежи; два реда калинки на секоја мре­жа за покривање на двата појаса над капителите што се врз столбовите,

43и десет подножја и десет мијалници на подножјата;

44едно море и дванаесет вола под морето;

45и котли, и лопатки, и чаши. Сите работи што Хирам му ги направи на царот Соломон за храмот Господов, беа од измазнет бакар.

46Царот ги излеа во глинена земја, во околината на Јордан, меѓу Сукот и Царетан.

47Соломон ги постави сите тие ра­боти на местата нивни. Поради нивното извонредно множество, тежината на бронзата не можеше да се измери.

48Соломон ги направи и сите предмети што се во храмот Господов: зла­тен жртвеник и златна трпеза, на која се ставаат лебовите на предложението:

49светилници — пет оддесно и пет од­лево, пред Светињата над светињите, од чисто злато, цвеќиња, кандилца и штипки од злато;

50и чинии, и ножеви, и чаши, и подно­сници и кадилници од чисто злато; ре­зи­ња за вратите на внатрешноста на Све­тињата над светињите и за вратите во храмот, исто така од злато.

51Така беше свршена сета работа што ја изврши цар Соломон за храмот Господов. И го принесе Соломон посве­теното од татко му Давид: среброто, златото и предметите ги предаде во ризницата на храмот Господов.

>