1
2И се собраа на празникот кај царот Соломон сите Израелци во месецот етаним, кој е седмиот месец.
3Дојдоа сите старешини израелски; и свештениците го кренаа ковчегот
4и го понесоа ковчегот Господов и скинијата на собранието и сите свештени предмети што беа во скинијата; а ги носеа свештениците и левитите.
5А цар Соломон и со него целиот израелски собор што се беше собрал кај него, одеа пред ковчегот, принесувајќи жртви од ситен и крупен добиток, кој не беше можно да се изброи и пресмета поради мноштвото негово.
6Свештениците го внесоа ковчегот на заветот Господов на местото негово, во внатрешноста на храмот, во Светињата над светињите, под крилјата на херувимите.
7Зашто херувимите ги ширеа крилјата над местото на ковчегот, и херувимите го покриваа одозгора ковчегот и лостовите негови.
8
9
10Кога свештениците излегоа од светилиштето, облак го исполни домот Господов.
11И свештениците не можеа да стојат на службата поради облакот, бидејќи светлината Господова го исполни храмот Господов.
12
13
14И царот се сврте со лицето свое, и го благослови целиот собор на Израелците, а целиот собор на Израелците стоеше.
15Тогаш рече: „Нека е благословен Господ, Бог Израелов, Кој со устата Своја му рече на татко ми Давид, и реченото денес го исполни со раката Своја! Тој беше рекол:
16
17Татко ми Давид намисли да изгради храм во името на Господ, Бог Израелов;
18
19
20И Господ го исполни словото Свое што беше го изрекол; јас се издигнав на местото на таткото мој Давид, и седнав на престолот Израелов, како што рече Господ, и изградив храм во чест на името Господово, Израеловиот Бог;
21и подготвив таму место за ковчегот, во кој е заветот на Господ што го беше склучил со нашите татковци, кога ги изведе од египетската земја.“
22Тогаш застана Соломон пред жртвеникот Господов, пред целиот собор на Израелците, ги крена рацете кон небото
23
24Ти го исполни на Својот слуга Давид, мојот татко, она што му го беше ветил; она што го беше изрекол со устата Своја, денес го изврши со раката Своја.
25
26И сега, Боже Израелов, нека биде верно словото Твое што си му го рекол на Својот слуга Давид, мојот татко!
27
28
29
30Сослушај ја молбата на Твојот слуга и на Твојот народ Израел, кога тие ќе се молат на ова место; чуј од местото на Твоето живеалиште, од небесата, сослушај и смилувај се.
31
32тогаш сослушај ги од небото и дејствувај, донеси суд над Своите слуги, обвини го виновниот, стоварувајќи му ја врз главата негова постапката негова, и оправдај го правиот, давајќи му според неговата праведност.
33
34сослушај го тогаш од небото и прости му го гревот на Твојот народ Израел, и врати ги во земјата што си им ја дал на татковците нивни.
35
36сослушај ги тогаш од небото и прости им го гревот на Своите слуги и на Својот народ израелски, покажувајќи им го добриот пат, по кој да одат, и испрати дожд врз Твојата земја што си му ја дал на народот Свој во наследство.
37
38при секоја молитва, при секоја молба што доаѓа од кој и да било човек од сиот Твој народ израелски, кога ќе почувствуваат болка во срцето свое и ќе ги подадат рацете кон овој храм,
39сослушај го од небото, од местото на Твоето живеалиште, и смилувај се; направи и воздај секому според патиштата негови, како што го гледаш срцето негово, бидејќи само Ти ги познаваш срцата на сите човечки синови:
40за да имаат страхопочит кон Тебе во сите дни, додека живеат на земјата што си им ја дал на татковците нивни.
41
42зашто ќе чујат за Твоето големо име, за Твојата силна рака и за Твојата крената мишка и ќе дојдат да се помолат во овој храм,
43сослушај го од небото, од местото на Своето живеалиште, и направи сѐ, за што ќе Те повика туѓинецот, та сите земни народи да го знаат Твоето име за да имаат страхопочит кон Тебе, како Твојот народ Израел, да знаат дека овој храм што го изградив јас, е наречен на Твое име.
44Кога Твојот народ излезе во војна против својот непријател по патот, по кој ќе го испратиш, и ќе Му се помоли на Господ, свртувајќи се кон градот што Ти си го избрал и кон храмот што го изградив на Твоето име,
45тогаш сослушај ја од небото молитвата нивна и молбата нивна и направи го она што им е потребно ним.
46
47и кога во земјата, каде што ќе бидат во пленство, дојдат на себеси и се обратат кон Тебе и Ти се помолат во земјата на оние што ги плениле, велејќи: згрешивме, извршивме беззаконие, виновни сме;
48и кога ќе се обратат кон Тебе од сето срце свое и од сета душа своја во земјата на непријателите што ги плениле, и ти се помолат, свртувајќи се кон својата земја што си им ја дал на татковците нивни, кон градот што си го избрал и кон храмот што го изградиле на Твое име, —
49тогаш сослушај ја од небото, од местото на Твоето живеалиште, молитвата и молбата нивна, и направи што им е ним потребно;
50и прости му на Твојот народ, за она што згрешил пред Тебе, и сите негови престапи што ги извршил пред Тебе и предизвикај сочувство кон нив кај оние што ги плениле, та да бидат милостиви кон нив;
51
52Ушите Твои и очите Твои нека бидат отворени за молбата на Твојот слуга и за молитвата на Твојот народ израелски за да ги чуеш секогаш, кога Те повикуваат,
53
54Откако Соломон ја заврши кон Господ целата оваа молитва и молба, па како што беше коленичел, стана од пред жртвеникот Господов, со рацете подигнати кон небото.
55И, исправен, го благослови целиот собор на Израелците, велејќи со висок глас:
56
57
58приклонувајќи ги срцата наши кон Себе за да одиме по сите патишта Негови и да ги чуваме заповедите Негови и законите Негови што им ги заповеда на татковците наши.
59И овие зборови, со кои се молев пред Господ денес, нека бидат блиски до Господ, нашиот Бог, дење и ноќе за да го врши Тој она што е нужно за Неговиот слуга и за Неговиот народ Израел секој ден,
60
61
62Тогаш царот и сите Израелци со него, Му принесоа жртви на Господ.
63
64Во истиот ден царот го освети средниот дел на дворот, кој е пред храмот Господов, принесувајќи сепаленици и приноси и принесувајќи го лојот од жртвите за помирение, бидејќи бронзениот жртвеник што е пред Господ, беше мал да ги собере сепалениците, приносите и лојот од жртвите за помирување.
65Така Соломон направи празник и сиот Израел со него — собор голем, кој се беше собрал од Емат до египетскиот поток, пред Господ, нашиот Бог; празнуваа и јадеа, и пиеја и се молеа пред Господ, нашиот Бог, во изградениот храм седум дена и уште седум дена, односно четиринаесет дена.
66Во осмиот ден Соломон го распушти народот. Сите го благословија царот и си отидоа по шаторите свои, радувајќи се и веселејќи се во срцето свое за сето добро што Господ му го направи на Својот слуга Давид и на Својот народ Израел.