1 Царевите 9:1-28 MKDB2006 - Bible AI

1Откако Соломон ја заврши градбата на Господовиот храм, на царски­от дом и сѐ што беше посакал да напра­ви,

2Господ повторно му се јави на Соло­мон, како што му се беше јавил во Гаваон.

3И Господ му рече: „Јас ја чув твојата молитва и твојата молба, за која Ме молеше, го осветив тој храм што го изгради ти за да биде засекогаш името Мое таму довека, и очите Мои, и срцето Мое ќе бидат таму во сите дни.

4А ти, ако одиш пред Моето лице, како што одеше татко ти Давид, со чисто срце и со правина, исполнувајќи сѐ што сум ти заповедал, и ако ги пазиш Моите уредби и Моите закони,

5Јас ќе го поставам твојот царски трон над Израел засекогаш, како што му реков на татко ти Давид, велејќи: ‚Никогаш нема да недостасува од тебе маж, кој седи на престолот Израелов.‘

6Ако вие и синовите ваши отстапите од Мене и не ги пазите Моите заповеди и Моите уредби што сум ви ги дал, и ако тргнете и почнете да служите на други богови и да им се поклонувате,

7Јас ќе го истребам Израел од лицето на земјата што сум му ја дал, и храмот што сум го посветил на Моето име, ќе го отфрлам од лицето Свое, и Израел ќе стане за приказ и за подбивање кај сите народи.

8И за тој висок храм, секој што ќе мине покрај него, ќе се вџаши, ќе пот­свирне и ќе рече: ‚зошто ли постапил Господ така со оваа земја и со овој храм?‘

9И ќе речат: ‚затоа што тие Го оста­вија Господ, својот Бог, Кој ги изведе татковците нивни од египетската земја, и се приврзаа кон други богови, им се поклонуваа и им служеа, — затоа Господ им го испрати ова зло!‘“

10Откако изминаа дваесет години, во текот на кои Соломон изгради два дома, — домот Господов и царскиот дом, —

11за кои тирскиот цар Хирам му на­бавуваше на Соломон кедрово дрво и кипарисово дрво и злато според желбата негова, — цар Соломон му даде на Хирам дваесет градови во галилејската земја.

12И Хирам излезе од Тир да ги прегледа градовите што му ги даде Соло­мон, и тие не му се допаднаа.

13Затоа тој рече: „Какви се тие градо­ви што ти, брате мој, ми ги даде?“ И ги нарече земја Кавул, како што се наре­куваат и денес.

14А Хирам му беше испратил на ца­рот сто и дваесет кикари злато.

15Оттука и распределбата за данокот што го наложи Соломон за да го изгради храмот Господов и својот дом, Мило и ѕидовите ерусалимски, Асор и Мегидо и Гезер.

16Фараонот, египетскиот цар, беше дошол и го презел Гезер, и со оган го беше изгорел, а Хананците што живееја во градот, ги беше убил, и го беше дал како мираз на ќерка си, Соломоно­вата жена.

17И тогаш Соломон го изгради Гезер и Долни Веторон,

18Ваалат, Тадмор во пустината,

19и сите градови житници што ги имаше Соломон, и градовите за колите, градовите за коњицата и сѐ она што Соломон сакаше да изгради во Еруса­лим, на Ливан и по целата земја на свое­то владение.

20Сите луѓе, останати од Аморејците, Хитијците, Перизијците, Хананците, Евејците, Јевусијците и Гергесејците, кои не беа од Израеловите синови,

21децата нивни, останати по нив во земјата, кои Израеловите синови не мо­жеа да ги истребат, — Соломон ги напра­ви поданички работници, какви што се и денес.

22А синовите Израелови Соломон ги правеше работници; тие беа негови војници, служители, великодостојници, војсководци и заповедници на неговите коли и на неговите коњаници.

23Главните, пак, распоредници над Соломоновите работи, односно управ­ниците на народот што ја извршуваа работата, беа петстотини и педесет.

24Фараоновата ќерка премина од Давидовиот град во својот дом што го изгради Соломон за неа. Потоа тој го изгради Мило.

25Соломон принесуваше трипати годишно сепаленици и жртви за мир на жртвеникот што Му го беше изградил на Господ, и кадеше врз него пред Гос­под. Така заврши градбата на домот.

26Цар Соломон направи исто така и кораби во Ецјон-Гевер, кој е кај Елат, на брегот на Црвеното Море, во земјата Едом.

27И Хирам испрати на тие кораби свои поданици — корабари што го знаат морето, заедно со Соломоновите пода­ници;

28тие отидоа во Офир и зедоа оттаму четиристотини и дваесет кикари злато и му го донесоа на цар Соломон.

>