1Ровоам пристигна во Ерусалим и свика од Јудиниот и Венијаминовиот дом сто и осумдесет илјади одбрани војници, за да војуваат против Израел и да му го вратат царството на Ровоам.
2И дојде слово Господово до Шемаја, човекот Божји, со кое беше речено:
3„Кажи му на Соломоновиот син Ровоам, цар јудејски, и на сиот Израел во Јудиното и Венијаминовото племе:
4вака вели Господ: ‚не одете и не почнувајте војна со браќата свои; вратете се секој во домот свој, зашто Јас го направив тоа.‘“ Тие ги послушаа зборовите Господови и се вратија од походот против Јеровоам.
5Ровоам живееше во Ерусалим и ги загради градовите во Јудеја со ѕидови.
6Ги утврди Витлеем, Етам, Текоа,
7Бет-Цур, Сохо, Адулам,
8Гет, Мареша, Зиф,
9Адораим, Лакиш, Азека,
10
11Ги зацврсти тие тврдини и постави во нив началници и складишта со жито, масло и вино.
12И на секој град му даде штитови и копја и ги зацврсти прилично добро. Под него останаа Јуда и Венијамин.
13
14
15
16А по нив и од сите племиња израелски, кои го управија срцето свое да Го бараат Господ, Бог Израелов, одеа во Ерусалим, за да Му принесат жртви на Господ, Бог на нивните предци.
17Тие го зацврстија царството Јудино и го поддржуваа Соломоновиот син Ровоам три години, зашто одеа по патот на Давид и Соломон во тие три години.
18Ровоам си ја зеде за жена Махалата, ќерката на Јеримот, син Давидов, и на Авихаил, ќерка на Елијав, син на Јесеј;
19И таа му ги роди синовите: Јеус, Шемарија и Захам.
20
21
22
23Па мудро работејќи, тој ги распрати сите синови свои по сите земји на Јуда и Венијамин, по сите утврдени градови, им даде многу храна и за нив доведе многу жени.