2 Летописи 14:1-14 MKDB2006 - Bible AI

1Аса го правеше она што беше добро и угодно пред очите на не­говиот Господ Бог;

2тој ги отстрани жртвениците на туѓите богови и идолските светили­шта, ги скрши статуите и ги исече паганските столбови;

3им заповеда на Јудејците да Го бараат Господ, Бог на нивните предци, да го исполнуваат законот Негов и заповедите;

4ги отстрани од сите градови Јудини идолските светилишта и статуите на сонцето. И царството негово беше спокојно.

5И бидејќи беше спокојна земјата, тој изгради тврдини во Јудеја; тој не војуваше во тие години, зашто Господ му беше дал спокојство.

6И им рече Аса на Јудејците: „Да ги изградиме овие градови и да ги загра­диме со ѕидиште и кули, со порти и клу­чеви; земјата е уште на­ша, зашто ние Го побаравме Господа, нашиот Бог; ние Го побаравме, и Тој ни даде спокојство од сите страни.“ И почнаа да градат, и успеваа.

7Воената сила на Аса беше: од Ју­диното колено триста илјади воору­жени со штитови и копја, од Венијами­новото колено двесте и осумдесет илјади јунаци, вооружени со штитови и стрелци со лак.

8И се крена против нив Зерах, Етио­пјанин, со еден милион војска и триста коли, и стигна до Мареша.

9Му излезе Аса во пресрет, и се распоредија за борба во долината Сефата, кај Мареша.

10Повика Аса кон Господ, неговиот Бог, и рече: „Господи, нели е во Твоја сила да им помагаш на силни и слаби? Тогаш помогни ни нам, Господи, Боже наш, зашто ние на Тебе се надеваме и во Твое име излеговме против ова мно­жество. Господи, Ти си наш Бог; да не биде човекот посилен од Тебе.“

11И Господ ги порази Етиопјаните пред Аса и пред Јуда, и Етиопјаните из­бегаа.

12Аса, пак, и народот со него ги гоне­ше до Герар; Етиопјаните паднаа толку, што ниеден не остана жив, зашто беа поразени пред Господ и пред Неговата војска. И собраа прилично голем плен.

13Ги разрушија сите градови околу Герар, зашто ужас од Господ налета врз нив; и ги ограбија сите градови и изнесоа од нив многу голем плен.

14Ги разрушија и пастирските колиби, ограбија многу стада од ситен доби­ток и камили, и се вратија во Ерусалим.

e>