1ⓗТогаш Духот Божји слезе врз Азарија, син Одедов.
2ⓘТој излезе да го пресретне Аса и сите Јудејци и Венијаминовци, и им рече: „Послушајте ме, Аса и сите Јудејци и Венијаминовци: Господ е со вас, кога сте вие со Него; и ако Го барате, ќе Го најдете; ако, пак, Го оставите, и Тој ќе ве остави.
3ⓙДолго време Израел беше без вистински Бог, без свештеник да поучува, и без закон;
4ⓚно кога во притеснетоста своја се обрати кон Господ, Бог Израелов, Го побара и Го најде.
5ⓛВо тие времиња немаше мир ни за оние што излегуваа, ни за оние што влегуваа; зашто имаше голема збрка меѓу сите жители земни;
6ⓜнарод се биеше со народ, и град со град, затоа што ги потресе Бог со секакви неволји.
7ⓝНо вие држете се цврсто, и рацете ваши да не ослабуваат, зашто ќе има награда за делата ваши.“
8ⓞКога ги чу Аса тие зборови и пророштвата на Азарија, син на пророкот Одед, тој се охрабри и ги отстрани незнабожечките гнасотии од целата земја јудејска и Венијаминова, и од градовите на Ефремовата Гора што ги беше презел, го обнови и жртвеникот Господов што беше пред Господовиот трем.
9Тогаш ги собра сите Јудејци и Венијаминовци и преселени од Ефрем, Манасија и Симеон, кои живееја со нив; зашто многу Израелци преминаа кон него, откако видоа дека Господ, неговиот Бог, е со него.
10И се собраа во Ерусалим во третиот месец на петнаесеттата година од царувањето на Аса.
11Во тој ден Му принесоа жртва на Господ од пленот што го донесоа: од крупниот добиток седумстотини и од ситниот — седумдесет илјади.
12ⓟДадоа завет дека ќе Го бараат Господ, Бог на своите предци, од сѐ срце и од сета душа;
13ⓠа секој, што нема да Го побара Господ, Бог Израелов, да умре — бил тој мал или голем, маж или жена.
14И се заколнаа во Господ громогласно со восклици и при звукот на трубите и роговите.
15ⓡИ сите Јудејци се радуваа на таа заклетва, зашто се колнеа од сѐ срце и со сета волја. Го бараа Господа, и Го најдоа. Тогаш Господ им даде спокој од сите страни.
16ⓢА мајка си Мааха царот ја лиши од почеста да биде царица мајка, затоа што ѝ направила гнасен идол на Ашера. Аса го сруши идолот нејзин, го исече на парчиња и го изгори во Кедронскиот дол.
17Иако идолските светилишта не беа отстранети во Израел, но срцето на Аса беше наполно предадено на Господ во сите дни негови.
18Тој го внесе посветеното од таткото свој во Божјиот дом; среброто, златото и садовите.
19И немаше војна до триесет и петтата година од царувањето на Аса.