1
2Тој распореди војски по сите утврдени градови на Јудеја и постави стражи по земјата јудејска и по градовите Ефремови, што ги беше завладеал татко му Аса.
3И Господ беше со Јосафат, зашто одеше по правите патишта на таткото свој Давид и не ги бараше Вааловците,
4туку Го бараше Бога на таткото свој и постапуваше по Неговите заповеди, а не по делата на Израелците.
5
6
7
8
9
10
11А од Филистејците му носеа на Јосафат дарови и сребро за данок; исто така и Арапите му донесуваа ситен добиток: седум илјади и седумстотини овни и седум илјади и седумстотини јарци.
12Се издигаше Јосафат сѐ повеќе, и изгради во Јудеја домови, градови и тврдини.
13Тој имаше големо богатство во јудејските градови, а во Ерусалим — храбри борци.
14Еве го нивниот список според домовите на нивните предци: од Јуда илјаданачалници: Адна водач, кој имаше триста илјади храбри војници;
15по него Јоанан началник, кој имаше двесте и осумдесет илјади;
16по него Амасија, Зихриев син, кој Му се беше посветил на Господ; тој имаше двесте илјади силни војници.
17
18по него Јозавад, кој имаше сто и осумдесет илјади вооружени војници.
19Ете, тие му служеа на царот, покрај оние што ги беше распоредил царот во утврдените градови по цела Јудеја.