1
2Неговите браќа, синови Јосафатови беа: Азарија, Јехиил, Захарија, Азарија, Михаил и Сафатија; сите тие беа синови на израелскиот цар Јосафат.
3
4Јорам стапи на татковиот престол, се утврди и ги уби со меч сите свои браќа, а исто така и некои израелски началници;
5Јорам беше на триесет и две години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим осум години;
6тој одеше по патот на израелските цареви, како што постапуваше домот Ахавов, зашто Ахавовата ќерка му беше жена, — и го правеше, она што беше неугодно пред очите Господови.
7
8Во неговите дни Едомците се одметнаа од власта Јудина и си поставија цар.
9Затоа Јорам тргна со своите војводи, и со сите коли свои; и станувајќи ноќе, го порази Едом, кого го беа опколиле, и началниците на колите.
10
11Исто така и идолски светилишта направи по горите јудејски, ги воведе во блудство ерусалимските жители и ја заведе Јудеја.
12
13
14Затоа, еве, Господ ќе го порази со голем пораз твојот народ и синовите тво
15а, пак, тебе, со лута болест, со болест на цревата, така што цревата ќе ти излегуваат од утробата од ден на ден.‘“
16И го подигна Господ против Јорам духот на Филистејците и Арапите, соседи на Етиопјаните;
17
18По сето тоа Господ го удри со неизлечива цревна болест.
19Така одеше од ден на ден, а кон крајот на втората година му излегоа цревата од болеста негова и тој умре во страшни маки; и народот не запали за него благопријатни мириси како што правеше за предците негови;
20тој беше на триесет и две години, кога стана цар, царуваше во Ерусалим осум години, и почина неоплакан; го погребаа во Давидовиот град, но не во царските гробници.