1Жителите ерусалимски место него за цар го поставија Охозија, најмалиот негов син, бидејќи сите постари беа убиени од разбојници, што се беа приближиле до логорот со Арапите, — и така стана цар Охозија, синот на јудејскиот цар Јорам.
2Охозија беше на дваесет и две години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим една година; мајка му се викаше Готолија, ќерка на Омриј.
3И тој исто така одеше по патиштата на Ахавовиот дом, зашто мајка му беше негова советничка во незаконските дела.
4Тој го правеше она што беше неугодно пред очите на Господ, како домот Ахавов, зашто по смртта на татко му тој дом му беше советник, за негова пропаст.
5И, следејќи го нивниот совет, Охозија отиде со израелскиот цар Јорам, син Ахавов, во војна против Азаил арамејскиот цар, во Рамот Галаадски. И Арамејците го ранија Јорам;
6
7
8
9
10А Готолија, Ахазиевата мајка, откако виде дека син ѝ умрел, стана и го погуби сиот царски род на Јудиниот дом.
11Но царската ќерка Јехошават го зеде Ахазиевиот син Јоас, го грабна меѓу царските синови, кога ги убиваа, и го скри со доилката во спалната соба. На тој начин Јехошават, ќерката на царот Јорам, жена на свештеникот Јодај, сестра на Охозија, го сокри Јоас од Готолија, и таа не го уби.
12И го криеја кај нив во домот Божји шест години; а над земјата царуваше Готолија.