1Јоас беше на седум години, кога стана цар и царуваше во Ерусалим четириесет години; мајка му се викаше Цивија, од Вирсавија.
2Јоас правеше она што беше угодно пред очите на Господ преку сите денови на свештеникот Јодај.
3
4Потоа Јоас намисли да го обнови домот Господов,
5
6
7Бидејќи нечестивата Готолија и синовите нејзини го беа разурнале домот Божји, и сѐ што беше посветено на домот Господов, го беа употребиле за Вааловци.
8Царот заповеда, та направија ковчег и го поставија кај влезот на домот Господов, однадвор,
9па разгласија по Јудеја и Ерусалим да Му Го принесуваат на Господ данокот, наложен од Мојсеј, слугата Божји, на Израелците во пустината.
10
11И кога левитите, пак, го донесуваа ковчежето кај царските чиновици, и тие гледаа дека има многу сребро, доаѓаше царскиот писар и повереникот на првосвештеникот, го празнеа и пак го однесуваа и го ставаа на истото место негово. Така правеа секој ден, и собраа многу сребро.
12Царот и Јодај го предаваа на надгледниците по домот Господов, и тие најмуваа каменоресци и дрводелци за обновување на домот Господов, исто така и ковачи и казанџии, за да го поправат домот Господов.
13Распоредниците работеа, и со нивните раце се изврши поправката, и го дотераа домот Божји во поранешна состојба и го поправија.
14И кога завршија сѐ, му го однесоа на царот и на Јодај останатото сребро. И направија од него садови за домот Господов, садови за служба и за сепаленици, чаши и други садови, златни и сребрени. И принесуваа сепаленици во домот Господов постојано преку сите денови на Јодај.
15Јодај откако остаре и, откако се насити од животот, умре; тој беше на сто и триесет години кога умре.
16Го погребаа во Давидовиот град кај царевите, бидејќи тој правеше добро во Израел — и за Бога и за домот Негов.
17Но по смртта на Јодај дојдоа јудејските началници и му се поклонија на царот; оттогаш царот почна да ги слуша.
18
19
20
21
22
23Откако измина годината, излезе против него арамејска војска и влегоа во Јудеја и Ерусалим и ги истребија од народот сите началници народни и сиот плен, земен од нив и му го испратија на царот во Дамаск.
24
25Кога си отидоа од него, откако го оставија во тешка болест, слугите негови направија заговор против него, заради крвта на синот на свештеникот Јодај, го убија во леглото негово и тој умре. Го погребаа во Давидовиот град, но не го погребаа во царските гробници.
26А заговорници против него беа: Завад, син на Амонката Шимеата, и Јехозавад, син на Моавката Шимрита.
27За синовите негови, за многуте пророштва против него и за обновувањето на Божјиот дом е напишано во Книгата на царевите. Наместо него стана цар синот негов Амасија.