1Сиот народ го зеде Озија, кој имаше шеснаесет години, та го постави за цар на местото на таткото негов Амасија.
2Тој го изгради Елат и ѝ го врати на Јудеја, откако царот, таткото негов, почина кај своите предци.
3Озија имаше шеснаесет години, кога стана цар, и царуваше во Ерусалим педесет и две години; мајка му се викаше Јехолија од Ерусалим.
4Тој го правеше она што беше угодно пред очите на Господ, токму онака, како што правеше и татко му Амасија;
5се определи за Бога во дните на Захарија, кој го учеше на страхопочит кон Бога; и во оние денови, додека се обраќаше кон Господ, Бог му помагаше.
6
7И Бог му помагаше против Филистејците и против Арапите, што живееја во Гур-Ваал, и против Меунците.
8
9
10Изгради кули и во пустината, ископа и многу кладенци, бидејќи тој имаше многу добиток, како во низините, така и во рамнината, и земјоделци и градинари по планините и на Кармил, бидејќи го сакаше земјоделството.
11Озија имаше војска, која излегуваше во војна по одреди, според она како што беа изброени во списокот, составен од раката на писарот Јеиел, и надѕирателот Маасејаху, под водството на Хананјаху, голем царски великодостојник.
12Сите глави на семејства, храбри војници, беа на број две илјади и шестотини,
13и под команда на раката нивна имаше воена сила триста и седум илјади и петстотини души, кои влегуваа во битка со воинствена храброст, да му помагаат на царот против непријателот.
14
15Направи во Ерусалим вешто измислени машини, да стојат на кулите и аглите, за да се фрлаат со нив стрели и големи камења. И се прочу името негово далеку, зашто се беше зацврстил чудно и беше станал многу силен.
16
17
18
19
20Го погледна првосвештеникот Азарија и сите свештеници; и ете, имаше лепра на челото негово. Го принудија да излезе оттаму, па и самиот тој брзаше да се оддалечи, зашто го порази Господ.
21
22
23И почина Озија кај своите предци, и го погребаа кај предците негови во полето кај царските гробници, зашто велеа, тој е лепрозен. А наместо него стана цар синот негов Јотам.