1
2Тој го правеше она што беше угодно пред очите Господови, одеше по патиштата на својот предок Давид и не скршнуваше ни лево ни десно.
3
4
5
6Во градовите на Манасија, Ефрем и Симеон, дури до коленото Нефталимово, и во нивните опустошени околини,
7
8На осумнаесеттата година од царувањето свое, откако беше исчистена земјата и Божјиот дом, тој го испрати Сафан, синот Ацалиев, Маасејаху, градоначалникот, и Јоах, син Јоахазов, писар, за да го обноват домот на Господ, нивниот Бог.
9Тие отидоа кај првосвештеникот Хелкија и го предадоа принесеното во Божјиот дом, што го беа собрале левитите, стражари кај прагот, од рацете на Манасија, Ефрем, од сите други Израелци, од синовите на Јуда и на Венијамин и од жителите ерусалимски.
10Го дадоа тоа во рацете на надгледниците, одредени во домот Господов, да го раздаваат на работниците, што ќе работат во Господовиот дом на поправката и обновувањето на домот.
11И тие им раздаваа на дрводелците и ѕидарите, за да купуваат делкани камења и дрвја за врски и за покривање на зградите кои јудејските цареви ги беа разрушиле.
12Тие луѓе чесно ја вршеа својата работа, а за надзорници над нив беа поставени Јахат и Авдија, левити од Мерариевите синови, и Захарија и Мешулам од Каатовите синови, и сите левити, што умееја да свират на музички направи.
13
14Кога го вадеа среброто, што беше принесено во Господовиот дом, свештеникот Хелкија ја најде Книгата на Законот Господов, даден преку Мојсеевата рака.
15
16А Сафан ја однесе книгата кај царот и притоа му ја донесе на царот оваа вест: „Твоите слуги вршат сѐ што им е таму наредено.“
17Го истурија среброто, што се наоѓаше во домот Господов, и го предадоа во рацете на надгледниците и во рацете на работниците.
18Писарот Сафан му јави уште на царот и рече: „Оваа книга ми ја даде свештеникот Хелкија.“ И Сафан ја прочита пред царот.
19
20И му заповеда царот на Хелкија и на Ахикам, син Сафанов, на Авдон, син Михеев, и на писарот Сафан и на царскиот слуга Асаја, велејќи:
21
22
23Таа им рече: „Вака вели Господ, Бог Израелов: кажете му на оној човек, што ве испратил кај мене.
24
25
26А на царот јудејски, кој ве испрати да Го прашате Бога, кажете му: ‚вака вели Господ, Бог Израелов, за зборовите, што си ги чул:
27
28Ете, Јас ќе те приберам кај предците твои, и ќе бидеш положен со мир во гробницата своја, и очите твои нема да го видат сето она зло, што ќе го испратам врз ова место и против жителите негови.‘“ И му го однесоа одговорот на царот.
29Тогаш царот заповеда да се соберат сите старешини од Јудеја и Ерусалим,
30па отиде царот во домот Господов, и со него сите Јудејци и жителите ерусалимски, и свештениците, и левитите, и сиот народ, од голем до мал; и им ги прочита тој гласно сите зборови од Книгата на заветот, најдена во домот Господов.
31
32И царот им заповеда на сите, што беа во Ерусалим и во земјата Венијаминова, да го потврдат тоа; и почнаа жителите ерусалимски да постапуваат според заветот на Бога, Бог на нивните предци.
33