2 Летописи 5:1-14 MKDB2006 - Bible AI

1И се заврши сета работа, што ја изврши Соломон за домот Гос­подов. И го внесе Соломон посветеното од татко му Давид сребро и злато, и сите садови ги предаде во ризниците на Божјиот дом.

2Тогаш Соломон ги свика во Еру­салим сите старешини на племињата на Израел и сите началници на домовите на Израеловите синови, за да го пренесат ковчегот на заветот Господов од Давидовиот град, односно од Сион.

3И се собраа кај царот сите Израелци на празникот, во седмиот месец.

4И дојдоа сите старешини израелски. Левитите го кренаа ковчегот;

5го понесоа ковчегот и скинијата на собранието и сите свети садови, што беа во скинијата, — го понесоа свеште­ници и левити.

6А царот Соломон и сиот народ, што се беше собрал кај него пред ковчегот, принесуваа жртви — овци и волови, толку многу, што не беше можно да се избројат и пресметаат.

7И свештениците го внесоа ков­чегот на заветот Господов на местото негово, во Светињата над светињите, под крилјата на херувимите.

8Херувимите беа со раширени кри­лја над местото на ковчегот и го покриваа ковчегот и лостовите негови одозгора.

9Лостовите се издигаа така, што дршките им се гледаа пред Свети­њата над светињите, но не и надвор; тие се таму и ден денес.

10Во ковчегот немаше ништо, освен двете камени плочи, што Мојсеј ги беше положил на Хорив, кога Господ направи завет со Израеловите синови, по излегувањето нивно од Египет.

11Кога свештениците излегоа од светилиштето — зашто сите свештеници, што беа таму, се осветија, без разлика на нивните редови,

12тогаш сите пејачи — левити: Асаф, Еман, Једутун и синовите нивни и браќата нивни, облечени во свечени облеки, со кимвали, харфи и лири стоеја на источната страна од жртвеникот, и со нив заедно сто и дваесет свештеници, трубеа со труби.

13И додека трубеа и пееја сложно во еден глас, воспевајќи и славопоејќи Го Господа и кога го подигнаа звукот од труби, кимвали и други свирки, и сите Го фалеа Господа дека е добар дека милоста Негова е вечна, — тогаш домот Господов се исполни со облак,

14така што поради облакот свеште­ниците не можеа да продолжат со служба, зашто славата Господова го исполни Божјиот дом.

>