1ⓓКога Соломон ја заврши молитвата, слезе оган од небото и ги голтна сепалениците и жртвите, и слава Господова го исполни домот.
2ⓔИ свештениците не можеа да влезат во домот Господов, зашто славата Господова го исполни домот Господов.
3ⓕИ сите синови израелски, кога видоа, како слезе оган и слава Господова врз домот, паднаа ничкум на земја, на плочникот, се поклонија и Го фалеа Господа, зашто е добар, зашто милоста негова е вечна.
4А царот и сиот народ почнаа да принесуваат жртви пред лицето на Господ.
5И принесе царот Соломон за жртва дваесет и две илјади волови и сто и дваесет илјади овци: така го осветија Божјиот дом царот и сиот народ.
6ⓖСвештениците стоеја на службата своја, а левитите со Давидовите песни во рацете, стоеја со свирки за песни на Господ, што ги беше направил царот Давид, зашто милоста Негова е вечна; и трубеа свештениците спроти нив, а сиот Израел стоеше.
7ⓗСоломон го освети и внатрешниот дел на тремот, што е пред домот Господов: таму ги принесе сепалениците и лојот од помирителните жртви, зашто бакарниот жртвеник, направен од Соломон, не можеше да ги собере сепалениците, лебните приноси и лојот.
8ⓘИ направи Соломон во тоа време седумдневен празник и празнуваше со него сиот Израел, — многу голем собор, што се беше стекол од Емат до египетскиот поток;
9ⓙа на осмиот ден направија свечен собир, зашто осветувањето на жртвеникот го правеа седум дена и празникот — седум дена.
10ⓚИ на дваесет и третиот ден од седмиот месец царот го распушти народот по шаторите нивни, сите радосни и весели во срцето поради доброто, што Господ му го направи на Давид и Соломон и на својот народ Израел.
11ⓛИ го заврши Соломон домот Господов и домот царски, заврши успешно сѐ што беше наумил во срцето свое да го изврши во Господовиот дом и во својот дом.
12ⓜИ Господ му се јави на Соломон ноќе и му кажа: „Ја чув твојата молитва и Си го одбрав тоа место за дом на жртвопринесувања.
13ⓝⓞАко го заклучам небото и да нема дожд, ако им заповедам на скакулците да ја испасат земјата, или да испратам помор врз Мојот народ,
14ⓟи Мојот народ, кој се именува со Моето име, се понизи, почне да се моли, да го бара лицето Мое и се одврати од своите лоши патишта, Јас ќе чујам од небото и ќе му ги простам гревовите негови и ќе ја излекувам земјата негова.
15ⓠИ сега очите Мои ќе бидат отворени и ушите Мои внимателни кон молитвата во ова место.
16ⓡИ сега Јас го избрав и го осветив овој дом, та името Мое да биде таму засекогаш; и очите Мои, и срцето Мое ќе бидат таму во сите дни.
17ⓢИ, ако одиш пред лицето Мое, како што одеше татко ти Давид, и ако вршиш сѐ, што сум ти заповедал, и ако ги пазиш повелбите Мои и законите Мои,
18ⓣЈас ќе го зацврстам престолот на царството твое, како што му бев ветил на татко ти Давид, велејќи: ‚нема да снема маж, што ќе владее над Израел.‘
19ⓤНо, ако отстапите и ако ги напуштите наредбите Мои и заповедите Мои, што сум ви ги дал, и тргнете да служите на други богови и да им се поклонувате,
20ⓥЈас ќе го истребам Израел од лицето на Мојата земја, што сум му ја дал, и овој храм, што сум го осветил на Мое име, ќе го отфрлам од лицето Свое и ќе го направам за приказ и за потсмев кај сите народи.
21ⓦА за овој храм, толку славен, секој, што ќе мине покрај него, ќе се вџаши и ќе рече: ‚Зошто ли постапил Господ така со оваа земја и со овој храм?‘
22ⓧИ ќе речат: ‚Затоа, што тие Го оставија Господ, Бог на нивните предци, Кој ги изведе од египетската земја, и се приврзаа за други богови, и, се поклонуваа и им служеа, — затоа Тој им го испрати сево ова зло.‘“