1Откако, изминаа дваесет години, во кое време Соломон го градеше домот Господов и својот дом,
2Соломон ги изгради и градовите, што му ги беше дал Хирам, и ги всели во нив синовите израелски.
3Потоа отиде Соломон против Хамат-Цова и го презеде.
4
5Ги изгради Горни Веторон и Долни Веторон, градови утврдени со ѕидишта, порти и резиња,
6и Ваалат и сите градови за складови, во кои Соломон имаше житници, сите градови за коли и градови за коњаница, и сѐ што сакаше да изгради Соломон во Ерусалим и во Ливан и по целата земја на своето царство.
7
8децата нивни, останати по нив на земјата, кои синовите Израелови не ги беа истребиле — Соломон ги потчини и принуди да плаќаат данок сѐ до ден-денес.
9А синовите Израелови Соломон што не ги направи слуги за свои работи, тие беа војници и главни над неговите воени началници и заповедници на колите и коњаницата негова.
10Главните настојници, што управуваа со народот кај царот Соломон, беа двесте и педесет.
11Соломон ја пренесе ќерката фараонова од Давидовиот град во домот, што го изгради за неа, зашто, велеше тој, жена не смее да живее кај мене во домот на израелскиот цар Давид, бидејќи домот е осветен: во него е влезен ковчегот Господов.
12
13
14
15И не отстапуваа од царевите заповеди за свештениците и за левитите во ништо, ниту пак за ризницата.
16Така беше подготвена целата работа на Соломон од денот, кога се основа домот Господов, до целосното завршување негово.
17Тогаш отиде Соломон во Ецјон-Гевер и во Елат, што е на морскиот брег, во земјата едомска.
18И Хирам му испрати по свои слуги кораби и слуги, што го знаеја морето, и тие отидоа со слугите Соломонови во Офир, од каде што изнесоа четиристотини и педесет кикари злато, и му го донесоа на царот Соломон.