1
2Соломон ѝ ги објасни сите нејзини зборови, и не се најде ништо непознато за Соломон, што не можеше да ѝ го објасни.
3
4и јадењата на трпезата негова, и живеалиштата на слугите негови, состојбата на прислужниците негови и облеката нивна, пехарниците и облеката нивна, и одот, со кој тој влегуваше во домот Господов, — остана без здив!
5Тогаш таа му рече на царот: „Вистина е она што го бев слушала за твоите дела и за твојата мудрост;
6но јас не верував на нивните зборови сѐ додека не дојдов и не видов со очите свои. И еве, ни половината не ми е кажано за твојата голема мудрост: ти ја надминуваш приказната, што сум ја чула.
7Блажени се твоите луѓе, блажени се тие твои слуги, кои секогаш стојат пред тебе и ја слушаат мудроста твоја!
8
9Потоа таа му подари на царот сто и дваесет кикари злато и големо множество благопријатни мириси и скапоцени камења: немаше нигде такви мириси, какви што савската царица му подари на Соломон.
10Но и слугите Хирамови и слугите Соломонови, кои го донесоа златото од Офир, донесоа и црвено дрво и скапоцени камења.
11Царот од тоа црвено дрво направи скали за домот Господов и за царскиот дом, и лири и харфи за пејачите. Такво нешто не беше видено пред тоа во земјата јудејска.
12А царот Соломон ѝ даде на царицата од Сава, сѐ што посака и побара, освен такви работи, какви што таа му беше донела. Потоа таа се врати во својата земја со слугите свои.
13Златото, што му доаѓаше на Соломон во текот на една година, по мерка изнесуваше шестотини и шеесет кикари.
14
15И направи царот Соломон двесте големи штита од ковано злато — по шестотини шекели злато за секој штит, —
16
17
18и шест скалила до престолот и златно подножје, изградено заедно со престолот, и потпирки од двете страни на седиштето, и два лава, што стојат до потпирките.
19И уште дванаесет лава што стоеја таму од двете страни на шесте скалила. Таков престол немаше во ниедно царство.
20Сите садови од кои пиеше царот Соломон беа од злато, и сите садови во домот од леванонско дрво беа од чисто злато; од сребро немаше ништо, зашто среброто во Соломоновото време не се ценеше многу.
21Царските кораби одеа во Тарсис со слугите Хирамови и секои три години корабите се враќаа од Тарсис, па донесуваа злато и сребро, слонова коска, мајмуни и пауни.
22
23Сите земни цареви сакаа да го видат Соломон, за да ја слушнат мудроста негова, која Бог ја беше внел во срцето негово.
24
25
26
27Царот направи и златото и среброто во Ерусалим да бидат еднакво вредни со обичните камења, а кедрите, поради нивното множество, ги направи еднакво вредни со смоквите по полињата.
28Коњи Соломон увезуваше од Египет и од сите земји.
29
30Соломон царуваше во Ерусалим над сиот Израел четириесет години.
31