1ⓐСимон Петар, слуга и апостол на Исус Христос, до оние на кои преку правдата на нашиот Бог и Спасител Исус Христос им се падна еднаква вера како и нам.
2ⓑБлагодатта и мирот со познавањето на Бог и Христос Исус, нашиот Господ, да ви се умножат.
3ⓒБидејќи Неговата божествена сила ни подари сѐ што е потребно за животот и побожноста, а преку познанието на Оној Кој нѐ повика со Својата слава и совршенство,
4ⓓпреку кои ни се дарувани многу големи и драгоцени ветувања, та преку нив да станете учесници во Божјата природа ако се оддалечите од гнилежот на овој свет;
5затоа, грижејќи се за ова сестрано, принесете кон верата своја добродетел, а кон добродетелта знаење,
6ⓔкон знаењето воздржување, кон воздржувањето трпение, кон трпението побожност,
7кон побожноста братољубивост, кон братољубивоста љубов.
8Зашто, ако овие доблести ги има во вас и се умножуваат, тие нема да ве остават празни, ниту бесплодни во познанието на нашиот Господ Исус Христос.
9А кој ги нема овие доблести, тој е слеп, кусоглед и заборава дека се очистил од поранешните гревови.
10ⓕБраќа, затоа уште повеќе настојувајте да го зајакнете вашиот позив и избор, зашто, ако го вршите тоа, никогаш нема да погрешите,
11ⓖбидејќи по таков начин ќе ви се овозможи слободен влез во вечното царство на нашиот Господ и Спасител Исус Христос.
12ⓗПоради тоа секогаш ќе се трудам да ви ги напоменувам овие работи, иако ги знаете, и утврдени сте во сегашната вистина.
13ⓘА и право е, додека сум во ова тело, да ве потсетувам,
14ⓙбидејќи знам дека наскоро ќе го оставам моето тело, како што Господ наш, Исус Христос, ми откри.
15А ќе се погрижам на ова да се потсетувате секогаш и по мојата смрт.
16ⓚЗашто ние ви ја покажавме силата и доаѓањето на нашиот Господ Исус Христос не преку измислени приказни, туку самите бевме очевидци на Неговото величие.
17ⓛЗашто Тој прими чест и слава од Бог Отецот, кога од Велелепната Слава Му дојде ваков глас: „Овој е Мојот возљубен Син, со Кого се исполнува Мојата добра волја.“
18И тој глас, што дојде од небото, ние го чувме, кога бевме со Него на светата гора.
19ⓜА освен тоа, ние имаме нешто уште поверно, а тоа е пророчкото слово; и добро правите што нему му обрнувате внимание, како на светило што свети на темно место, додека денот осамне и Деницата засвети во вашите срца.
20ⓝЗнајте го прво тоа дека ниедно пророштво од Писмото не е сопствено кажување на пророкот.
21ⓞЗашто никогаш според човечката волја не е изречено пророштво, туку светите Божји луѓе зборувале поттикнати од Светиот Дух.