2 Петар 3:1-18 MKDB2006 - Bible AI

1Еве, возљубени, како веќе ви го пишувам второто послание во кое со напомнување ви го разбудувам ваши­от чист разум

2за да се потсетите на зборовите, по­рано кажани од светите пророци, и на заповедта од Господ и Спасителот, дадени преку вашите апостоли.

3Најнапред знајте го тоа дека во пос­ледните дни ќе се јават подигрувачи, кои ќе се подбиваат и ќе живеат според своите похоти.

4Ќе велат: „Каде е ветувањето на Не­говото доаѓање? Зашто, откако татковците наши изумреа, сѐ си стои така како од создавањето на светот.“

5Тие намерно забораваат дека небесата и земјата од порано беа создадени од вода и преку вода со силата на Божјото слово,

6преку кое, тогашниот свет загина, потопен од вода.

7А сегашните небеса и земјата, па­зе­ни од истото слово, се чуваат за оган во денот на судот и погибелта на нечес­ти­вите луѓе.

8Но внимавајте, возљубени, да не го изумите само тоа дека за Господ еден ден е како илјада години, а илјада години — како еден ден.

9Господ нема да задоцни со Своето ветување, како што некои мислат за бавењето; но долго време трпи, бидејќи не сака да загине некој, туку сите да се покаат.

10И ќе дојде денот Господов, како крадец во ноќно време; тогаш небесата со голема бучава ќе ги снема, и стихиите ќе пламнат и ќе се разрушат, а земјата, и сѐ што е на неа, ќе изгори.

11И така, бидејќи сето тоа ќе се разруши, каков треба да ви биде вашиот свет живот и побожноста ваша,

12додека го очекувате и посакувате скорото доаѓање на Божјиот ден, во кој небесата ќе се разрушат и основите во оган ќе се стопат?

13Но ние, според Неговото ветување, очекуваме ново небо и нова земја, на кои ќе се всели правда.

14Затоа, возљубени, додека го очекувате тоа, погрижете се пред Него да излезете спокојни, неосквернети и непорочни;

15и долготрпеливоста на вашиот Господ сметајте ја како спасение — како што ви напиша и возљубениот наш брат Павле, според дадената му мудрост;

16како што зборува за тоа и во сите свои посланија, во кои има некои работи тешки за разбирање, што неучените и неутврдените ги изопачуваат, како и другите Писма, за своја погибел.

17А вие, возљубени, знаејќи го ова од­напред, пазете се од измамата на беззакониците за да не бидете одведени со нив, и да не отпаднете од својата утврденост,

18туку да напредувате во благодатта и во познанието на нашиот Господ и Спасител Исус Христос. Нему слава и сега и за вечни времиња. Амин!

© Библиско Здружение на Р. Македонија 2006 © Bible Society of the Republic of Macedonia 2006
div>