1
2
3Но амонските кнезови му рекоа на господарот свој Анон: „Зар мислиш дека Давид од почит кон татко ти испратил кај тебе утешители? Да не ги испратил Давид слугите свои кај тебе за да го прегледаат градот и да видат во него сѐ и сешто, па да го разурнат?“
4
5Кога му јавија за тоа на Давид, тој испрати луѓе да ги пречекаат, бидејќи беа многу обесчестени. И царот заповеда да им кажат: „Останете во Ерихон додека да ви пораснат брадите, и тогаш вратете се.“
6
7Кога Давид слушна за тоа, го испрати Јоав со сета храбра војска.
8Излегоа Амонците и се распоредија за борба кај портите, а Арамејците од Цова и Рехов, како и луѓето на Тов и Мааха се задржаа одделно во полето.
9Кога виде Јоав дека непријателската војска се распоредила спроти него и отспреди и одзади, ги одбра најистакнатите израелски мажи, и ги распореди против Арамејците;
10а другиот дел од луѓето му ги довери на братот свој Авеса, да ги построи против Амонците.
11Тогаш рече Јоав: „Ако Арамејците почнат да ме надвиваат, ти ќе ми помогнеш; ако, пак, Амонците почнат да те надвиваат тебе, јас ќе ти дојдам на помош;
12
13
14Амонците, пак, кога видоа дека Арамејците бегаат, избегаа од Авеса и влегоа во градот. И Јоав се врати од Амонците и дојде во Ерусалим.
15
16И Адраазар испрати гласници за да ги повика Арамејците што беа од онаа страна на Еуфрат, и, ете, дојдоа до Хелам; а Совак, Адраазаров воен началник, ги предводеше.
17Кога му јавија за тоа на Давид, тој ги свика сите Израелци, го премина Јордан и стигна до Хелам. Арамејците се распоредија против Давид и се судрија со него.
18Арамејците избегаа од Израелците, а Давид уништи седумстотини арамејски бојни коли и уби четириесет илјади коњаници, удри по војсководачот Совак, и тој таму умре.
19Кога сите потчинети цареви на Адраазар видоа дека Израелците ги разбија, склучија со Израелците мир и им се покорија. И Арамејците веќе се плашеа да им помагаат на Амонците.