1
2Еднаш приквечер, откако стана од своето легло, Давид се шеташе по покривот на својот царски дом свој и од покривот виде една жена, која се капеше; а жената беше многу убава.
3
4
5Жената остана бремена и испрати гласници да му јават на Давид и да кажат: „Бремена сум.“
6Тогаш Давид испрати гласници да му кажат на Јоав: „Испрати го кај мене Хитиецот Урија!“ И Јоав го испрати Урија кај Давид.
7Урија дојде кај него, и Давид го распраша за положбата на Јоав, за положбата на народот и за текот на војната.
8
9Но Урија преспа пред вратата на царскиот дом заедно со сите слуги на господарот свој и не отиде во својот дом.
10Му соопштија на Давид и рекоа: „Урија не отиде во домот свој.“ Давид му рече на Урија: „Еве, си дошол од пат; зошто не си отишол во домот свој?“
11Урија му одговори на Давид: „Ковчегот Божји, Израел и Јуда се под шаторите, а господарот мој Јоав и слугите на господарот мој престојуваат во полето, а јас да влезам во куќата своја да јадам, да пијам и да лежам со жената своја! Се колнам во животот на твојата душа, тоа нема да го направам.“
12Тогаш Давид му рече на Урија: „Остани тука и денес, а утре ќе те отпуштам.“ И Урија остана тој ден во Ерусалим до изутрината.
13
14
15Во писмото напиша вака: „Поставете го Урија таму, каде што ќе има најсилна војска, и отстапете од него, за да биде погоден.“
16Затоа, кога Јоав го опседнуваше градот, го постави Урија на такво место, за кое знаеше дека таму има храбри мажи.
17
18Тогаш Јоав испрати гласници да му кажат на Давид за целиот тек на борбата.
19Тој им заповеда на гласниците, велејќи: „Кога ќе му раскажете на царот за целиот тек на битката
20и ако видите дека царот се разгневува и ве прашува: ‚Зошто сте отишле да се биете толку блиску до градот? Не знаете ли дека врз вас ќе фрлаат стрели од ѕидот?
21
22Отиде гласникот, му раскажа на Давид сѐ за што го беше испратил Јоав.
23Тогаш гласникот му рече на Давид: „Тие луѓе нѐ надвиваа и излегоа против нас во полето, и ние ги гоневме, до влезот на портите;
24во тоа време стрелците стрелаа од ѕидот врз слугите твои, и загинаа некои од царските слуги; умре и твојот слуга Хитиецот Урија.“
25Тогаш Давид му рече на гласникот: „Кажи му на Јоав вака: ‚Да не те буни таа работа, зашто ножот истребува некогаш еден, некогаш друг; засили ја борбата против градот и сруши го‘. Така ќе го охрабриш!“
26
27