1
2богатиот имаше мошне многу ситен и крупен добиток,
3а сиромавиот немаше ништо, освен една овчичка што ја беше купил мала и ја отхрани, и таа беше пораснала кај него заедно со неговите деца; таа јадеше од неговиот леб, пиеше од неговата чаша, спиеше на неговите гради и му беше како ќерка;
4кај богатиот човек дојде еден странец; и нему не му беше по волја да земе од овците или од воловите свои за да зготви ручек на странецот, кој беше дошол кај него, туку ја зеде овчичката на сиромавиот и му ја приготви неа на човекот што беше дошол кај него.“
5Давид многу се разгневи против тој човек и му рече на Натан: „Жими Господ! Смрт заслужува оној човек што го направил тоа;
6
7
8ти го дадов домот на твојот господар и жените на господарот твој во твоја прегратка, ти го дадов домот Израелов и Јудин и, ако ти е тоа малку, би ти придал уште повеќе;
9
10
11
12
13
14
15
16
17
18На седмиот ден детето умре, и слугите Давидови се плашеа да му соопштат дека детето умрело; зашто си мислеа тие, кога детето беше уште живо, и ние му прозборувавме, а тој не го слушаше гласот наш, како ќе му кажеме: „Детето умре.“ Тој ќе стори нешто лошо.
19Виде Давид дека слугите негови се дошепнуваат, и разбра дека детето умрело, па ги праша слугите: „Умре ли детето?“ Тие му одговорија: „Умре.“
20Тогаш Давид стана од земјата, се изми, се помаза, се преоблече и отиде во домот Господов и се молеше. Кога се врати дома, побара да му донесат леб и јадеше.
21И го запрашаа слугите негови: „Што значи тоа што постапуваш така? Додека детето уште беше живо, ти постеше и плачеше, и не спиеше; а откако умре детето, ти стана и јадеш леб и пиеш.“
22
23
24
25и го испрати пророкот Натан, и тој го нарече: Једидија
26
27Испрати Јоав гласници да му кажат на Давид: „Јас ја нападнав Рава и ја освоив водата на градот;
28сега собери го другиот народ и тргни кон градот, и преземи го; зашто, ако го преземам јас, ќе му се даде моето име.“
29Давид го собра сиот народ, тргна кон градот Рава, војуваше против него и го презеде.
30Давид ја зеде круната на нивниот цар од главата негова, — а во неа имаше талант злато и скапоцен камен, — и ја стави Давид на својата глава, и однесе од градот многу голем плен.
31А народот што беше во него, го изведе и му наложи да работи со пили, со железни гребла и со железни секири, или пак ги испрати да печат тули. Така постапи тој со сите амонски градови. Потоа Давид се врати со сиот народ во Ерусалим.